Култура

Никола Ѓуричко: Уметноста не е нужно да биде профитабилна , а бизнисот треба да биде профитабилен

Бизнисот треба да биде профитабилен, а уметноста не е нужно да биде профитабилна. Елитна култура мора да постои. Ова го кажа за Телма познатиот српски актер Никола Ѓуричко, кој последниве 5 години живее во Лос Анџелес, споредувајќи го западниот третман кон уметничките продукти, како стока што се продава на пазар и односот кон културата во поранешната југословенска заедница.

  • Ако е пазарот тој што одредува, мислам можеме да видиме дека тоа нема да оди на добро. Едноставно, мора да постои нешто што е главен колач за културата, јазикот, што знам јас, што се одржува. Особено за тие модерни нешта ,кажа Никола Ѓуричко, актер и музичар.

По ланскoто гостување како стенд ап комичар, Никола Ѓуричко неделава дојде во Скопје, но овој пат за да го промовира албумот, насловен „ По сеќавање“, кој го реализира со неговата група „ Џони Миднајт Трио“, на која за настапот пред нашата публика и се придружи Џоле, на саксофон. На албумот има авторски песни и обработки на нумери од познати групи и пејачи од поранешна Југославија.

  • Тогаш ми дојде таа идеја, концептуална, да свириш по сеќавање. Значи да не оди токму како што е во оригинал, туку како ти се сеќаваш на тоа, рече Ѓуричко.

Ѓуричко започна да игра на филм уште пред да дипломира на ФДУ во Белград .Го паметиме по ликовите во филмовите „ До коска“, „ Молњи“, „ Кога ќе пораснам ќе бидам кенгур“, од серијата „ Зона Замфирова“ и од многу други остварувања. Успехот што го постигна во регионот, го продолжи во повеќе американските продукции. Меѓу нив и во франшизата на Нетфликс „ Почудни нешта“.

  • Треба да се има среќа, знаеш, да се биде на вистинското место во вистински момент. Ако си добар актер, ти си добар актер, и таму и овде. Добра сцена е добра сцена, автентична игра е автентична игра. Во таа смисла, нема тука некоја дополнителна наука. Единствено што е базенот, ајде така да кажеме, луѓето кои учествуваат во таа игра , се многу повеќе . Но, има многу повеќе работа, рече Ѓуричко.

Актерот најави повторно доаѓање во Македонија со стенд ап во следниов период. Го чека и снимање на нова серија во Белград, а потоа се враќа во Америка, каде работи на вториот албум со „ Џони Миднајт Трио“.

 

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Започнува 60. Јубилеен МТФ „ Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Почина Хазарос Сурмејан, балетски уметник и кореограф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе