Вести Македонија Најважни

ДКСК ќе бара одговорност од министерот за здравство Демири, претставката на Шокаровски прифатена

Антикорупциска на денешната седница во однос на претставката на Марјан Шокаровски за неговото разрешување од функцијата директор на Клиниката за кардиохирургија оцени дека наводите се основани и ќе покрене иницијатива за одговорност од министерот за здравство Илир Демири пред надлежните органи.

Имено, ДКСК смета дека Демири ги прекршил законите со тоа што го разрешил Шокаровски на 27 мај по распишување на изборите и додека се уште не бил избран новиот пратенички состав.

Дополнително ДКС  утврдила дека постапката за разрешување на директорот не била во согласност и со законот за Здравствена заштита кој наложува најпрвин управниот одбор на установата да утврди дека постојат основи за разрешување, а потоа и здравствениот совет да даде предлог за тоа.

Но, министерот Демири, според ДКСК, не постапувал по нивен предлог и го разрешил Шокаровски. Нерегистрирани пациенти во системот „Мој термин“ и нарушени меѓучовечки односи се причината поради која Демири го разреши директорот на Клиниката за кардиохирургија.

Шокаровски не ги коментираше причините за неговото разрешување, но посочи тогаш дека тоа е незаконски ,  бидејќи изборниот процес се уште беше во тек.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма од Гостивар: Денеска нема цистерни со вода недела е, резервите од шишиња се драгоценост, а капењето вистински предизвик

Дејан Дејан

За повеќе од 7% ќе поскапи парното греење?

Дејан Дејан

Телма открива: како пропадна проектот за реновирање на водоводот во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе