Вести Македонија Најважни

Притвор за битолчанец кој полово злоупотребувал душевно болно лице, чинот го пренесувал на Јутјуб

На предлог на надлежниот јавен обвинител, Основниот суд во Битола на осомничениот му одредил мерка притвор од 30 дена

Лице во Битола е осомничено за кривичното дело – Полова злоупотреба на немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик.

На 23 април, во својот дом во Битола, 23-годишното осомничено лице полово злоупотребил лице со трајно душевно заболување. Го навел да изврши полово дејствие, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на регистриран канал на Јутјуб.

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишното осомничено лице.

Судот определи притвор од 30 дена, откако Основниот суд оцени дека предлогот за притвор доставен од надлежниот јавен обвинител до судијата е оправдан и законски основан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе