Вести Македонија Најважни

Вo Клинички центар ќе се оперираат само итните случаи

Непријатната миризба која повеќе од една недела ги стави под клуч хируршките сали и натаму остануваат недостапни за пациентите,освен за итните случаи. Решението за проблемот на Клинички центар министерот за здравство го гледа во поставување надворешни компресори додека не стигнат испитувањата од Германија кои треба да покажат од каде доаѓа миризбата. Кога би стигнале Демири не знае..

Додека пациентите за операции се праќаат во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ и Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“, кој е виновен за здравствениот крах ќе утврди истрагата на Обвинителството вели Демири.

Хируршките сали на Мајка Тереза се затворени повеќе од една недела. Од околу 12 сали, само три функционираат за хитна патологија. Во договор меѓу болниците 5 пациенти биле хоспитализирани на Клинички и со амбулантни возила префрлени во 8ми септември. Граѓаните информирани за состојбата на Клинички, голем дел од нив се решиле да одат на преглед и во градската болница Св Наум Охридски.  Министерството за здравство за проблемите со функцонирање на вентилацискиот систем ги информирало Јавното обвинителство,а предметот е распореден кај обвинител кој треба да провери дали во овој случај има кривично дело. Клинички центар Мајка Тереза деновиве се соочи и со друг проблем. Поради реконструкција на водоводната мрежа цела ноќ немаше вода, а вода за пиење клиниките можеа да добијат од цистерна на ЈП Водовод и канализација.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Двајца загинати при излетување на автомобил во 100-метарска бездна на Галичица

Дејан Дејан

Давитковски во „Топ тема“: Мора да има избори во општините во кои градоначалници одат во извршната власт

Дејан Дејан

Мицкоски ќе бара одговорност од сите, Стоиљковиќ ќе го реорганизира „министерството на Артан Груби“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе