Вести Македонија Најважни

Пукнал компресор за кислород, министерот Демири по една недела молк излезе со информација за хаваријата во операционите сали на Клинички Центар

Министерот за здарвство во заминување по една недела молк излезе со тврдење дека хаваријата на Клиничкиот центар во хируршките сали била предизвикана од компресор за кислород.

-Салите на клинички се градени пред 30 години и инсталацијата за снабдување со кислород е е стара 30 години. Пред месец дена денешен имаше хаварија во компресорската станица кога се расипа еден од компресорите и доведе до оштетување, влегување на масло во тие цевки, по што тој компресор е исклучен од функција. Беа 3 компресори, почна клиниката да функционира со 2 компресори, ги издувавме комплетно цевките, поминаа технички преглед од две независни институции, изјави Илир Демири на прес конференција.

Демири тврди дека процесот за излегување од хаваријата бил долг и вклучувал и странски институции.

-Ги чистевме цевките, но за поголема безбедност мораше да се сервисираат и да се исклучи системот. Побарав итно од менаџерите да поднесат барање и да се сервисираат истите компресори, но пред 9 дена се случи ист проблем. Без да има хаварија се појави лоша миризба, веднаш реагиравме и ангажиравме надворешни фирми. Фирмите Пегаз и Трегер ги повикавме да испитаат. Бидејќи во Македонија нема лиценцирана лабораторија која може да даде дозвола или уверение кое ќе послужи за квалитетот за испорачаните гасови, побаравме од странска компанија и денес се испратени мостри во Германија. Од двете независни компании со лаборатории не виделе никаков недостаток во квалитетот на гасови и препорачаа да се менуваат филтрите од компресорките станици, потенцираше Демири.

Тој информира дека се набавени дополнителни 6 надворешни компресори кои може да послужат за итните случаи и за клиниката КАРИЛ, за да се сигурни дека пациентите добиваат квалитетен кислород.

-Со тие компресори, кога се тие вклучени, нема миризба, а со вградените компресори миризбата ја има и за нас тоа е необјасниво. Немаме информација зошто ја има миризбата кога нема проблем. Чекаме испитувањата од Германија да стасаат и дотогаш ќе се функционира вака, вели Демири.

Министерството за здравство до Јавното обвинителство испратиле и допис во кој бараат обвинител да постапи и да утврди дали има елементи на кривично дело за операционите сали не работат. Јавен обвинител отвори предистрага и веќе е сослушан и претставник на Министерстовтото за здравство. Изјави ќе треба да дадат и директори на клиниките кои ги користат салите.

Затворањето на хируршките сали предизвика трансфер на пацинети за операција кон ГОБ „8 Септември“ и во болницата „Св. Наум Охридски“ (старата градска болница), каде се вршат сите итни операции додека полесните се оставени на чекање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Груевски се жали во судот во Стразбур за предметот „Тенк“ – објавено на што се однесува апликацијата и прашањата што треба да ги одговори државата

Дејан Дејан

Две години затвор за медицинска сестра на Онкологија за проневера на лекови – Апелација ја потврди пресудата, таа е во бегство

Дејан Дејан

Summer job како испомош во Бон- како МНР ја испрати поранешната ТВ водителка Бесмира Ејупи во дипломатска мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе