Вести Избори 2024 Македонија

Јакимовски: Денешните избори беа мирни и достоинствени, забелешка за гласањето во дијаспората

Претседателскиот кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, Стевчо Јакимовски на прес-конференција оцени дека денешниот изборен ден поминал мирно и достоинствено и дека сме покажавме дека можеме да направиме мирни и достоинствени избори.

Јас во оваа изборна кампања немам никаква забелешка на однесувањето на моите противкандидати, на нивниот вординг, на нивниот речник, освен една забелешка што имавме само една дуел емисија и освен онаа забелешка дека двајца кандидати беа исклучително финансирани за медиумско претставување во оваа изборна кампања што сметам дека во следните избори тоа треба да се корегира и да биде рамноправна поделба на средствата. Сметам и дека немањето на дуел емисии ја направи оваа кампања не толку атрактивна и од тие причини гледаме дека се уште немаме 50 отсто од излезеност на граѓаните на гласачките места, истакна Јакимовски.

Упати критика за гласањето во дијаспората бидејќи таму, како што посочи е работен ден и граѓаните имале проблем да излезат од работа.

Јас со луѓе што контактирав од дијаспората ми велат не можеме да им објасниме на нашите работодавачи, на нашите колеги, сметаат дека ги лажеме да излезеш од работа за да одиш да гласаш затоа што во нашите земји се’ се одвива онлајн и мислам дека ова е исто така еден голем недостаток којшто треба да се поправи до следните претседателски и парламентарни избори, рече Јакимовски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе