Вести Избори 2024 Македонија

6-мина си ги сликале ливчињата, но полицијата ги фатила- на едно место најдена испукана чадна бомба,

Во Охрид е уапсен еден избирач кој го сликал гласачкото ливче со телефон, соопштија од СВР Охрид. Досега имало вкупно 6 такви изборни инциденти кога гласачите ги сликале ливчињата.

МВР потврди дека двапати тоа се случило, во Скопје, а покрај Охрид, сликање на ливче било регистрирано и во Радовиш, Берово и во Штип.

Во Радовиш е забележано уште едно прекршување на тајноста на изборите кога гласач го покажал ливчето на набљудувач на политичка партија на избирачкото место.

„Покрај ова, на подрачје на општина Чаир во Скопје на паркирани возила забележани се летоци во врска со изборниот процес, а на две локации во Скопје се забележани испишани графити. На гласачко место во Скопје, покрај испишан графит, околу 06.30 часот е пријавено од страна на претседателот на избирачкиот одбор дека во ходникот била пронајдена испукана димна бомба. Од страна на полициски службеници се преземени потребните мерки и активности и гласањето се одвива непречено“ сооопшти Ангеловски.

МВР инаку оценува дека станува збор за мирен изборен ден.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе