Различни генерации, различни интереси за одредени книжевни жанрови на годинашниот Саем на книга. Тоа што радува е големата посетеност на вториот ден од саемот, во чии рамки се и организираните посети на учениците од основните училишта кои доаѓаат од различни градови. За посетителите радува фактот што на едно место можат да ги најдат новите дела на своите омилени автори.
Од повеќето издавачки куќо кои дадоа изјава денеска на Саемот, можеме да забележиме исти и слични ставови, но кај некои сосема поинакви.
Имаме многу повеќе деца со овие организирани школски посети, ние сме многу задоволни и навистина е голем интересот и се надевам дека ќе продолжи така во наредните саемски денови, изјави Филип Баткоски од книгоиздателство ,,БАТА ПРЕС”.
Во многу голем подем е македонската книжевност и ние сме многу среќни поради тоа, иако се уште има интерес и за странските автори. Новата концептуална поставеност на саемот за издавачите е особено важна, затоа што големите издавачки куќи сега се на посебно место, додека малите се во централна позиција на просторот. Тоа е можност малите издавачки куќи да се претстават и да имааат поголема видливост на овој саем.
Она што ми е најпозитивен впечаток е уредувањето на штандовите оваа година. Секоја чест и на организаторите и на оние што го уредуваа на штандовите многу е попрегледно. Целата хала е како едно шаренило кое се прелева, значи штандовите не се како некои засебни тврдини како што било порано, рече Ненад Стевовиќ, книгоиздателство ,,ИЛИ- ИЛИ”.
Во рамките на годинашното 36- то издание на Саемот на книга, кој ќе трае до 24 април се предвидени повеќе од 30 промоции на домашните и странски автори.
Искрено задоволни сме, најмногу посетеност има од помладите од прво, па се до деветто одделение има некои што доаѓаат и од градинки, така што задоволни сме, додаде Елена Максимовска од книгоиздателство ,,АРС ЛАМИНА”.
Нина Стефанова