Вести Култура

Кумановец е добитник на награда која му ја додели Американската филмска академија

Кумановецот Горан Стојменовиќ е добитник на наградата на лични заслуги во полето на науката и технологијата на филмската продукција, во делот на академијата позната како ,,технички” Оскари. Со него учествуваа и неговите белгиски колеги од фирмата ,,Брако”.

Академијата за филмски уметности и науки, на 23 февруари годинава им оддаде признание со престижна награда, за нивниот придонес во дизајнот и развојот на новитети во кино индустријата.

Свеченоста се одржа во Холивуд, во салата „Дејвид Гефен“, која се наоѓа во музејот на Американската академија за филмски уметности и науки. Оваа свеченост е во сезоната на Оскари, ама сепак се одржува посебно.

Во изјавата за медиумите, Стојменовиќ објасни: ,,Бевме таму две недели пред официјалните Оскари. Академијата, доделува ваков вид на награди секоја година, на основа на лични заслуги во полето на науката и технологија за филмска продукција, кои имаат трајно влијание. По номинација од страна на трето лице, академијата врши истражување и разговори, пред да се одлучи кои номинирани ќе ја добијат наградата. Во наш случај, процесот траеше неколку месеци.

Покрај него, наградата ја добиле и двајца негови колеги Ваутер Достерлинк и Петер Јансенс од фирмата „Барко“, за развој на ласерски проектор за проектирање на кино филмови. Овој проектор бил прв од таквиот вид во 2014 година.

Кариерата на Стојменовиќ почнала во компанијата ,,Брако” во 2005 година, а оттогаш и работи во секторот за видеопродукција од 2011 година. Завршил на природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, за да потоа во 2001 година запишал постдипломски студии,  а докторатот да го заврши во Белгија.

,,Секогаш има развој на нова технологија, никогаш не е здодевно. На пример, сега се развива нов начин на кинопроекција кој мислам пред крајот на годината би требало да биде достапен на пазарот. Не можам во моментов да давам многу податоци ама во април, на саемот за кинотехника „Синемакон“ во Лас Вегас ќе се објават повеќе информации, вели тој.

Очекува интерес за соработка и со македонските продукции. Фирмата ,во која работи е насочена кон киносалите и дистрибутери на кино опрема, кои се големи интернационални фирми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании не ги вратија старите пониски цени на полисите за возилата, денеска нов состанок во финансии

Дејан Дејан

На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај

Дејан Дејан

Вработените во Фондот за здравство денеска излегуваат на протест

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе