Вести Култура

Австралијците се нација која трошат најмногу пари на музика

Во една од продавниците за грамофонски плочи беа направени неколку интервјуа со купувачите на плочи. Прашањата беа на темите: ,,Какви се купувачките навики, кога се во прашање грамофонските плочи, но и ,,Како на друг начин Австралијанците трошат пари на музика?”

Девојка која  беше интервјуирана изјави: „Обично слушам музика на музичката платформа ,,Спотифај”, но дефинитивно неодамна започнав со слушање музика на грамофонски плочи“,  додека друг купувач рече ,,Слушам музика повеќе на ,,Спотифај” дефинитивно, отколку на YouTube“.

Љубовта на Австралијците кон музиката ја намали кризата за нивниот животен стандард, минатата година. За музика, луѓето во Австралија, во 2023 година, потрошиле 676 милиони австралиски долари, што е зголемување за 11% во однос на претходната година, а претставува рекордна сума потрошена на музика на светско ниво.

Платените стриминг  услуги, беа убедливо главните снабдувачи на музика, но сепак сеуште постојат луѓе кои, ако би постоела опција за бесплатна музика, истата таа би ја искористиле.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе