Детските приказни кои сите ги паметиме, добија нов облик во книгата за деца ,,Си беше еднаш”, која ја има адаптирано авторката Оливера Ќорвезироска.
Во книгата станува збор за селектирано избрани бајки од авторите, Ханс Кристијан Андерсен, браќата Грим и Шарл Перо. Збирката бајки е наменета за најмалите, со цел да ги разбуди старите приказни кај младата публика со цел да ја поттикне нивната фантазија.
Новата книга за деца „Си беше еднаш“, ќе биде промовирана на 11 април (четврток), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На настанот ќе учествуваат: уредничката Оливера Ќорвезироска и илустраторката Наталија Лукомска, а ќе им се придружи и професорка по книжевност Калина Малеска, која ќе биде промотор на настанот.