Вести Култура

Отворена изложба за Паоло Роси во Мала станица – златното момче на италијанскиот фудбал

Во објектот „Мала станица“ при Националната галерија на Македонија отворена е изложба за легендата на италијанскиот и воопшто светски фудбал, Паоло Роси, кој почина 2020 година на 64- годишна возраст. Неговите три гола кои што завршија во мрежата на бразилската репрезентација ѝ донесоа победа на Италија во 1982 година, на Мундијалот во Шпанија.

Животот и кариерата на златното момче, како што го нарече италијанската нација Роси, поради освоените „Златна топка“ и „Златна копачка“ од денеска до 21 април е на увид на македонската јавност преку изложбата со 500 експонати. Тие фрлаат светлина и врз постигнувањата на други светски шампиони во фудбал.

„Низ изложбата ќе можете повторно да го одживеете животот на овој играч, започнувајќи од првиот автобуски билет, купен за да оди да тренира фудбал до „ Златниот куп“. Сите тие предмети се изложени од мојата лева страна. Од мојата десна страна, со поставката сакаме да им оддадеме почит на сите светски шампиони, кои од 1956 година до денес освоиле награда, значи „ Златна топка“, изјави Марко Скембри, директор на фондацијата „Паоло Роси“.

„Навистина ми е драго што успеавме после Белград и Тирана , да ја донесеме оваа изложба во Скопје. Затоа што Паоло Роси е одличен пример за позитивните вредности кои што сакаме да ги пренесеме. А, тоа се пријателството меѓу народите, големите вредности. Паоло беше човек- пример за големи вредности и како фудбалски играч и како човек. Ние се обидовме да ги одбереме и другите фудбалски легенди, како пример за младите спортисти и за младите, воопшто“, изјави Фредерика Капетели, поранешна сопруга на Паоло Роси.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе