Вести Култура

Филип Николовски: Мирко Попов е галебот Џонатан Ливингстон на македонската современа култура

Во темелите на секоја културна институција, зграда, во секоја педа скопски асфалт, во секој клуб, плочник, во секој од малку останатите скопски паркови стои врежано името на Мирко Попов. Со Мирко делевме многу заеднички интереси и љубови и, секако, вечната љубов кон Скопје, градот во кој израснавме, градот кој го задолжи да твори, да се развива, да напредува. Мирко беше секогаш во акција, културен деец на денешницата, забележаа блиски пријатели и соработници на Мирко Попов.

„Енергијата која зрачеше од него беше невозвожно да не те обземе и да не те принуди да не се приклучиш кон следната мисија која тој ја замислил. Мирко Попов е галебот Џонатан Ливингстон на македонската современа култура. Човекот кој веруваше дека секогаш може подобро и повеќе. Дека небото не е лимит, а универзумот е лесно достапен доколку научиш да леташ, умствено да растеш и да се развиваш“, изјави Филип Николовски од Младински културен центар (МКЦ).

„Во 90-те години Мирко Попов беше во епицентарот на македонската техно-културна револуција, фактички Мирко беше револуцијата и не само тоа, туку го стави Скопје на мапата на ова современо движење, точно во моментот кога се случуваше секаде во светот, што во принцип е реткост за овие наши простори“, рече Синиша Евтимов, режисер и член на „ПМГ Колектив“.

Мирко Попов секогаш инсистираше да ја има најновата и најдобрата музика во свет. Во последно време му беше најважно да ги има најдобрите млади македонски артисти, да ги промовира, да работи за нив и да ги стави на светската мапа.

„За Мирко Попов би рекол дека не беше наједноставниот човек за соработка, свој карактер, некогаш тежок, своеглав, но од друга страна беше личност која е водена од прогресивност, желба за подобро утре, преточена низ акција, истрајност и упорност“, изјави Филип Тасевски, музички фестивал „Земјотрес“.

Низ овие 37 години пријателство со Мирко несомнена е неговата улога за она што сум денес, рече Црвенковска, која е авторка на повеќе книги за деца.

„Тој беше толку голем оптимист. Никогаш не се откажуваше, никогаш не се предаваше, секогаш се бореше и инсистираше да не се откажуваме и да не се предаваме и да не стануваме конформисти“,изјава Билјана Црвенковска, главен уредник во издавачка куќа „Чудна шума“.

Владан Дробицки и Васко Бојаџиски ја изведоа „Елегија за Мирко“ во чест на својот долгогодишен пријател и соработник. Во рамки на комеморацијата беа емитувани и видео пораките на повеќе светски докажани диџеи и оние од регионот кои му оддадоа почит на Мирко Попов.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија распиша потерница по Володимир Зеленск

Дејан Дејан

Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на револуционерот

Дејан Дејан

Напаѓачи заедно со полицаец грабнале, тепале и уценувале скопјанец

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе