Вести Најважни Свет

Го лажеле таткото дека не ја виделе Данка, додека двегодишното девојче било во багажникот на нивниот автомобил- патека на злосторот во Бор

Полицијата во Србија откри многу грозоморни детали за смртта на двегодишната Данка Илиќ, за која по 9 дена потрага беше утврдено дека била удрена од автомобил на Јавно претпријатие во Бор. Во автомобилот биле двајца работници кои биле под дејство на алкохол.

-Возилото во кое биле С.Ј. и Д.Д. пред капијата било две и пол минути и според изјавите на осомничените, застанале поради потреба од тоалет, за потоа кога тргнале, го удриле девојчето на 30-40 метри од местото на застанување. Со автомобилот управувал осомничениот Д.Д., додека С.Ј. кој бил совозач излегол од возилото, отворил врата и телото на девојчето кое било без свест го фрлил на задниот дел на возилото, преку алатот, изјави Братислав Гашиќ, министерот за внатрешни работи на Србија.

Како работел мозокот на злосторниците покажува тоа што неколку минути по удирањето на детето тие налетале на таткото на Данка, но сокриле информации за него.

-За време на возењето се договориле некаде да го фрлат телото на детето. По пат, во 13:57 часот ги запрел таткото на девојчето, кој бил во автомобил, и ги прашал дали го виделе девојчето на што одговориле негативно, рече Гашиќ.

Телото на девојчето го фрлиле во депонија.

-По излез од Бањско поле, во 14 часот, се упатиле по Старобањскиот пат и при доаѓање на депонијата на која се задржале една минута и 49 секунди, С.Ј. го земал детото и го фрлиле на рид на кој имало куп ѓубре, додека Д.Д. за тоа време бил покрај возилото, внимавајчи да не наиде некој. Потоа се вратиле во фирмата, го оставиле возилото. За монструозноста на убијците на девојчето, сведочи и фактот дека С.Ј. по повик на директорот, истиот ден отишол во Бањско поле да го учествува во потрагата по девојчето, свесен дека ладнокрвно ја усмртил, наведе Гашиќ на прес конференцијата.

Двајцата уапсени паднале на тест со полиграф и денеска го признаа злосторството. Дополнително, возачот, два дена по злосторството се вратил на депонијата и го преместувал телото на девојчето.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе