Вести Култура

СКРМ реагира: Со мартовските плати, вработените во културата ќе ги изгубат 10-те отсто што им следуваат со Општиот колективен договор за јавен секор

Исплашени дека со мартовските плати нема да го добијат зголемувањето за 10 отсто што им следува согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, членови на Синдикатот за култура на Македонија денеска дојдоа пред ресорното министерство. Рекоа дека се изложени на манипулации од поединци дека нема да добијат зголемување за 12, туку само за 2 отсто. Нивната реакција следеше откако директорите на установите добиле решение за пресметка на мартовските плати, во чиј диспозитив отсуствува одредбата од Општиот колективен договор, каде на основицата за пресметка следувало зголемувањето од 10 отсто. Министерката за култура ги демантира, со објаснување дека тој процент го има во Општиот колективен договор и кажа како ќе се пресметуваат платите.

„Поединци не убедуваат дека немаме право на 10% од ОКД, бидејќи со покачувањето на минималната плата ќе земеме 12% ,според КД за култура.И тука веќе постојат тие 10% од ОКД за јавен сектор. Тука е замката на реториката затоа што нема да земеме 12% покачување за месец март, туку реално само 2%. Иако според сите закони на правната држава, нам ни следуваат 10% од ОКД и покачувањето од растот на минималната плата, според КД за култура“, изјави Вера Атанасовска, претседателка на СКРМ.

„Во почетокот на самото решение, еве да биде уште појасно, стои дека: Законот за минимална плата, во врска со член 14, став 1 од Општиот колективен договор за јавен сектор. Значи тоа е тоа. Во диспозитивот стои само компонентата која што се менува. Основната бруто плата по следните основи: Минимална бруто плата која е објавена во Службен весник на РСМ, бр. 68/24, согласно закон и ОКД, коефициент на сложеност , согласно КД за култура. И вработениот има право на 0, 5 додаток на основна бруто плата. За секоја година и работен стаж, најмногу 20%“, изјави Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорчев: СДСМ и ДУИ заедно владееа, заедно треба да одат во избори

Дејан Дејан

Кинескиот извоз на автомобили продолжува да расте

Дејан Дејан

Индија ги повлече своите војници од Малдивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе