Вести Култура

СКРМ реагира дека со мартовските плати вработените во културата ќе ги изгубат 10% што им следуваат со Општиот колективен договор за јавен сектор

Министерката за култура да се одважи и да достави законски упатства за пресметка на мартовските платите со што ќе се испочитуваат Колективниот договор за култура и Општиот колективен договор за јавниот сектор. Ова го побараа денеска од Синдикатот за култура, кои дојдоа пред министерството, исплашени дека платите што ќе ги добијат овој месец ќе бидат без 10% зголемување, предвидено со ОКД, со што нема да добијат покачување за 12, туку за 2%.

  • Поединци не убедуваат дека немаме право на 10% од ОКД, бидејќи со покачувањето на минималната плата ќе земеме 12% ,според КД за култура.И тука веќе постојат тие 10% од ОКД за јавен сектор. Тука е замката на реториката затоа што нема да земеме 12% покачување за месец март, туку реално само 2%. Иако според сите закони на правната држава, нам ни следуваат 10% од ОКД и покачувањето од растот на минималната плата, според КД за култура, рече Вера Атанасовска , претседателка на СКРМ.

Претседателот на ССМ, чија придружна членка е СКРМ кажа како треба да гласи решението за пресметка на платите во културата.

  • Во решението јасно да напишат дека основицата за пресметка на коефициент е минималната плата или 22567 денари. Таа се множи по коефициентот на сложеност . И следи уште една ставка дека основната бруто плата на работникот , согласно ОКД се зголемува за дополнителни 10%. Толку е едноставно, кажа Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Синдикатите реагираат откако преку Вајбер, дирекорите на националните установи во културата добиле решение за новата пресметка на платите, но во диспозитивот на документот ја немало одредбата  од ОКД , каде на основицата за пресметка следува 10% покачување , кое вработените во културата го стекнаа со ланските септемвриски плати. Министерката за култура ги демантира, покажувајќи дека во диспозитивот постајат тие 10% во членот 14 од ОКД . Костадиновска -Стојчевска кажа како ќе се пресметува мартовската плата.

  • Основната бруто плата по следните основи: Минимална бруто плата која е објавена во Службен весник на РСМ, бр. 68/24, согласно закон и ОКД, коефициент на сложеност , согласно КД за култура. И вработениот има право на 0, 5 додаток на основна бруто плата. За секоја година и работен стаж, најмногу 20%, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Според министерката за култура од 2020 до сега платите на вработените во културата се зголемени за 52%, вклучително со мартовското покачување од 12% . А , од СКРМ најавија протести доколку тоа реално не се спроведе во пракса зашто, како што рекоа, синдикалната минимална кошничка трипати пораснала во последниве две години.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорчев: СДСМ и ДУИ заедно владееа, заедно треба да одат во избори

Дејан Дејан

Кинескиот извоз на автомобили продолжува да расте

Дејан Дејан

Индија ги повлече своите војници од Малдивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе