Вести Култура

Промовиран албумот „ Поп култура“, чие издавање го иницира Мирко Попов

Различни музички стилови , низ изведбите на 8 нумери од  млади домашни соло изведувачи и групи, се вклучени на плочата „ Поп култура“, која вечерва беше промовирана во културниот центар „ Лабораториум“. Ова е 13 винил што го објави ПМЏ Рекордингс, зад чија иницијатива и како програмски уредник застана прерано починатиот ди-џеј и мучичар, Мирко Попов. Неговата повеќе од 3 децении долга музичка кариера беше насочена кон афирмација на електронската музика, но и на квалитетните млади домашни музичари. Така што албумот „ Поп култура“ произлезе од платформата „ Силата еу младите“, што ја формира Попов, заедно со соработниците.

Тој повеќе не е меѓу нас, но еден од неговите проекти ја доживеа својата промоција. Во издание на ПМЏ Рекордингс објавен е 13 винил, насловен „ Поп култура“, чиј иницијатор и програмски уредник беше Мирко Попов. Плочата е компилација од поп, рап и електронска музика, на која се застапени 8 нумери од исто толку млади македонски музичари во подем. Заминувањето на Попов и промоцијата на албумот вечерва, кај нив предизвика и тага и радост.

-Емоциите нормално се измешани. Мирко секогаш беше тука да не поддржи нас музичарите што се стремиме да правиме експериментална поп музика. На електронската сцена континуирано правеше прогрес. Да не беше тој, немаше на фестивал прв пат да изведам моја авторска музика, порача Миа Перевска- застапена на плочата со синглот „Пренасочување“.

-На почетокот не ми се претстави како менаџер, туку се претстави како некој што навистина ги поддржува и ги сака младите. И тоа се забележа до самиот крај. Идејата за плочата мислам дека ја добивме дури седевме заедно, рече Аудио Цигла застапен со синглот „Електро момче“.

На албумот со свои нумери партиципираат и Дина Јашари, Андреја Салпе , Зи, Јанг Дади , веќе афирмираниот Слаткаристика и Матеј Фолц. Тој како графички дизајнер го изработи омотот на плочата и вели дека соработката со Попов му била лесна.

Мислам дека до сега најлесно нешто што ми било , најдобро објаснето од клиент, така да го кажам иако соработувавме. Така што беше многу забавно, лесно, некако искрено, така да кажам. Знаеше што сака, рече Матеј Фолц, графички дизајнер и музичар.

Компилацијата „ Поп култура“ е објавена во рамките на платформата за поддршка на младите што ја формира Мирко Попов, насловена „ Силата еу младите“, зашто знаеше дека тие ја градат иднината и затоа не се штедеше да соработува со нив и да ги афирмира.

Сотир Трајков

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Огромна потреба од угостителски работници:Се нуди и парична награда од 300 евра за оној кои што ќе предложи некого за вработување

Дејан Дејан

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе