Култура

Мирко Попов – In memoriam (1972-2024)

Ја задолжи современата македонска култура со својата музика, композиции,  текстови, изданија и продукции, а можеше барем уште толку да даде ако поживееше. На 51- годишна возраст, по кратко боледување почина Мирко Попов, личност која на Скопје и Македонија им вдахнуваше урбан дух, по мерка на сопственото потекло и светогледот. Прогресивноста беше негово кредо, како еден од пионерите на електронската сцена, а не помалку се залагаше и за афирмација на квалитетот меѓу генерациите млади домашни музичари, кои доаѓаат.

Мирко Попов ја започна кариерата како диџеј во 1992 година, а подоцна се афирмира во регионот, но и пошироко.  . Истата година почнал да работи во култното музичко радио „Канал 103“, каде од 2008 до 2010 бил главен и одговорен уредник. Забавите во организација на радиото беа местата каде се пуштала електонска музика, на која јавноста требало да се навикне, се присети Попов за Телма , во една прилика.

  • И требаше малку време на електронската музика да ги увери скопјани, не само оние на подиумот, туку и оние кои требаше да ја пуштаат таа музика , требаше малку време да ги увери дека тоа е следниот стадиум во развојот на клупскиот живот, се присети Мирко Попов, своевремено.

Личниот печат на своето време го покажа со формирањето, заедно со Александар Малевски, на ПМЏ Колективот, 1995.  По три години ја формира независната дискографска куќа ПМЏ Рекордингс, која до сега брои над 300 изданија современа музика од различни стилови и жанрови, меѓу кои и џез. На овој правец му се посвети преку бендот Кантон 6 и фестивалот „ На Вардарот Џез“. Еве како ги претстави изданијата на 4 артисти од ланското фестивалско издание.

  • Особено ми е драго поради тоа, заради тоа што се работи за многу разновидна музика, многу квалитетна музика и поприлично софистицирана музика , за која очигледно има потреба од повисоки критериуми или од повисок степен на култивираност, кажа Попов минатата година.

Попов учествуваше во театарски претстави и на филм,  режираше радио драми, видео спотови, пишуваше сценарија за филмови, но и книги и новинарски текстови. Заминувањето на Попов од животната сцена, случајно или не, се поврзува со симнувањето од МКЦ на стихот од неговата песна „ Ние сме од Скопје“. Тој беше идентитетски белег на генерацијата креативци, собрани околу установата.

Мирко Попов ќе биде погребан утре на Градските гробишта во Бутел. А , последна почит ќе му биде оддадена од 12 и 30 часот, во капелата број 1.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“ започнува деветтото издание на КРИК

Дејан Дејан

Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе