Вести Култура

Уште еден триумф на МСУ во Прага

Синоќа Прага живееше во духот на изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје “, која се отвори во Националната галерија, велат организаторите на изложбата. Потврда за тоа е огромниот интерес на над 1.000 посетители, кои дојдоа да ги погледнат делата од уникатната колекција на Музејот на современа уметност.

Многу интернационални уметници и куратори, културни работници, љубители на уметноста, кои работат и живеат во Прага, но и посетители кои специјално допатуваа за овој настан. Македонци кои живеат во Прага и кои со нетрпение го дочекаа отворањето реагираа емотивно, чувствувајќи се горди на Музејот на современата уметност и нашата земја, потенцирајќи дека станува збор за голем настан, кој ја потикнува меѓународната солидарност.

За важноста на изложбата и нејзиниот потенцијал да се поврзува со актуелните општествени проблеми денес говори и фактот дека во Националната галерија во Прага темата солидарност предизвика и мирољубиви активисти кои влегоа во галеријата на самото официјално отворање. Тие повикаа на солидарност и мир во подрачјата погодени од воените конфликти денес во светот.

Фрлјаќи летоци и повикувајќи прекин на страдањата предизвикани од војните во светот, надоврзувајќи се на солидарноста како концепт на изложбата, што подразбира сочувство кон страдањата на другиот.

Од вкупната уметничката колекција на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, во Виена беа изложени 94 дела и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. Na истиот концепт е заснована и оваа изложба во чешката Национална галерија и додадени се уште 54 дела од колекцијата на нашиот музеј. Донациите од светски познатите уметници пристигнуваат се уште во МСУ – Скопје, и секое  изложување на делата вклучува и нов сет интерпретации, значења, и креира нови релации и синергии со делата на современи уметници. Ниедно чувство не е конечно подразбира дека хоризонтот на значења на колекцијата никогаш не е затворен, и секоја нова изложба која е заснована на колекцијата не потсетува на солидарноста, како нужен етички принцип на делување денес, порача в.д. директорот на Музеј на современа уметност тихомир топузовски.

Кураторките на изложбата (првично замислена и прикажана во Кунстхале Виена, минатата година): Сабина Саболовиќ, Наташа Илиќ и Ивет Ќурлин  поканија 4 меѓународни современи уметници и македонското уметничко дуо Јане Чаловски и Христина Иваноска, кои добија задача да направат своја селекција од вредната колекција на МСУ и осмислија поставка во која дијалогизираат делата на тие уметници и нивната авторска работа, да се види како денес уметниците ја доживуваат оваа збирка, настаната преку светската солидарност.

Делата во Националната галерија во Прага ќе бидат изложани до 29 септември.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе