Вести Македонија Топ вести

За да се спречат „руски“ тендери во Одбрана треба измени на закон за Јавни набавки

Обидот за руска инфилтрација во Министерството за одбрана преку јавна набавка за криптозаштита на информатичкиот систем, која вчера ја објави КОД на Телма, според министерката за одбрана Славјанка Петровска треба да предизвика промени во Законот за јавни набавки. Главниот критериуум за вакви сензитивни тендери во безбедноста не смее да биде само најниска цена, оцени денеска на брифинг Петровска.

Правиме некои анализи веројатно ќе треба Законот за јавни набавки да се промени, затоа што во општиот закон, освен за законот од областа на одбраната и безбедноста, се вели дека најниската цена добива. Ние не можеме да си го дозволиме тоа, дури кога набавуваме и храна за Армијата не можеме да си дозволиме најниска цена, затоа што треба да внимаваме на квалитетот, изјави министерката петровска.

Петровска рече дека токму понудата за најниска цена била пресудна фирмата од Европската Унија која е со доминантна руска сопственост за малку да го добие тендерот планиран за околу милион и пол евра. Првично понудила слична цена за системот за криптозаштитаво Одбраната и Армијата, но потоа ја намалила цената за 50 проценти. Дополнително и разузнавачките служби предупредиле.

Криптозаштитата служи за шифририрање и заштита на податоците и информациите кои се во владение на одбраната и армијата или пак се разменуваат со сојузниците и со НАТО.

Миомир Серафиновиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денот на културата во сообраќајот – 11 Мај

Дејан Дејан

САД: Можно е Израел да го прекршил меѓународното право со користење американско оружје

Дејан Дејан

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 12.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе