Вести Забава Магазин Топ вести

Од салати до чоколадни статуетки – Што се јадеше на доделувањето на Оскарите?

Не недостасуваше храна на 96-то издание на Оскарите, што се одржа ноќеска, манифестација на која „Опенхајмер“ ја „збриша“ конкуренцијата. За неа беа задолжени австриско-американски шеф, Волфганг Пук, кој по 30-ти пат беше ангажиран на свеченоста, како и Елиот Грувер.

Менито ги задоволи сите вкусови – вегански, вегетаријански, невегетаријански. Беше подготвен широк избор на храна од десерти до месни деликатеси.

За предјадење се служеа супа од ракови, лигњи, печена туна, барата, коктел од шкампи, остриги Рокфелер, како и четири видови на салата – Цезар салата, Оскар салата, посебна салата и салата од репка.

На менито имаше и тестенини, како и широк избор на прилози, вклучувајќи пире од компир, спанаќ, печени моркови, зелје и помфрит. Славните личности уживаа и во специјалитети како макарони со сирење и тартуфи и пити со пилешко и тартуфи. Подготвени беа и чоколадни фигури во форма на оскаровските статуетки.

И тоа не е се. На секое седиште во театарот Долби, каде се одржа церемонијата, беа поставени кутии со ужина во кои имаше бонбони „Мајк&Ајк“, ѓеврек со сенф и шише вода.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на загинати во Венецуела е над 3.300 луѓе – ажуриран извештај за жртвите во разорните земјотреси

Sasko Dimovski

Гази Баба: 24-годишно момче пронајдено починато

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Загинаа 11 луѓе, 46 повредени во голем руски напад врз Киев – Русија соборила 519 украински дронови

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе