Вести Култура Топ вести

Проектантот на Универлана сала не верува дека објектот има оштетувања поради двегодишниот застој на реконструкцијата

 

Печурки како резултат на влагата што се појавила на конструкцијата на Универзална сала, по повеќе од две години, колку што е запрена започнатата реконструкција. На ваква слика наидовме денеска кога официјално се најави продолжението на реконструкцијата на објектот, во првата фаза. Но, проектантот не верува дека во изминатите години се појавиле оштетувања кои што можат да се одразат на она што до сега е изградено.

  • Веројатно ќе се направи ревизија од стручни тела и тоа ќе се открие. Ако треба нешто да се направи, веднаш ќе се направи некоја санација. Меѓутоа дека нешто од конструкцијата се има многу сериозно оштетено , мислам дека не, кажа архитектот Бујар Муча, проектант од „ Мегарон инженеринг“.

Реконструкцијата на Универзална сала ја запре градоначалничката Данела Арсовска , со објаснување дека проектот е небезбеден. Поради тоа при посетата на објектот во февруари 2022, таа се испокара со министерката за култура, проектантот и со претставниците од Асоцијацијата на архитекти. Проектантот Муча денеска кажа дека тогаш се појавила потреба од еден до два носачи на конструкцијата што било договорено со надзорот. Го препроектирале делот за статиката на објектот и двапати добиле позитивно мислење. Но, според надзорот проблеми може да се појават и сега, а реконструкцијата ќе биде изведена до крај.

  • Со олабавување на постојниот конструктивен систем на Универзална, ризикот е голем за колабирање. Истото може да настане и за време на новата конструкција која е во тек на градба, доколку таа не се поткрепи со техничко – технолошки проект за реализација и издигање и зацврстување на конструкцијата, рече Љубин Макровски, надзорен инженер на реконструкцијата на Универзална сала.

Првата фаза од реконструкцијата опфаќа обнова на фасадата и кровот на Универзална. Изведувач е фирмата „ Универзал -Балкан“, од каде рекоа дека очекуваат да завршат за 90 дена по добивање на налогот за воведување во работа. Со преземање на ингеренциите од Град Скопје додека објектот се реконструира, Владата обезбеди средства за тригодишна обнова, во вредност од околу 16 милиони евра.

  • Министерството за култура превзеде обврска во наредните три години непречено да го реализира проектот затоа што имаме обезбедено финансиски средства и комплетна документација, рече министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска.

За втората фаза од реконструкцијата која предвидува уредување на ентериерот, ќе биде распишан меѓународен тенден. А, согласно современите протоколи, бројот на седишта ќе биде намален за 300 , но седењето ќе биде покомотно.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Двајца повредени во тешка сообраќајна несреќа на мотор и автомобил на Партизанска

Дејан Дејан

Димитриевски: Немаме договор за гласовите за вториот круг за претседател, за тоа ќе одлучи партиското раководство

Дејан Дејан

Вреди и ВМРО-ДПМНЕ согласни за заедничка влада по изборите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе