Рано утрово на 60-годишна возраст почина Арсим Зеколи, македонски политички аналитичар и колумнист.
Тажната вест ја објави неговиот брат, д-р Шефкет Зеколи, преку јавно соопштение на социјалните мрежи, информирајќи го семејството, пријателите и најблиските за загубата на нивниот близок.
-Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денеска, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966-2026), се наведува во соопштението.
Арсим Зеколи во пошироката јавност во Македонија и регионот беше препознатлив како истакнат колумнист и аналитичар на општествено-политичките процеси, а во својата кариера ја извршуваше и функцијата амбасадор на Северна Македонија при ОБСЕ во Виена.
