Код

Реакција на македонската компанија Раде Кончар на емисијата КОД за Трафостаницата Охрид

Од македонската компанија Раде Кончар реагираат бидејќи името на нивната компанија е спомнато во прилогот на КОД за неизградената трафостаница кај Охрид, за чија изградба МЕПСО ја ангажираше хрватската компанија Кончар.

Во продолжение целосното обраќање на оваа компанија:

„Со оваа порака сакаме да ве известиме дека нашата компанија “Раде Кончар”, е целосно македонска компанија со 75 годишна традиција ,богата историја и значаен допринос за развојот на индустриската сцена во нашата земја. Нашите производи и услуги се препознатливи на домашниот и меѓународниот пазар и се познати по квалитетот и иновациите.

Затоа, бараме јавно извинување за грешката со именување на Хрватската компанија “ Кончар “ со нашето име “Раде Кончар” во вашата емисија КОД и во вестите, и ви се обраќаме со силно искрено очекување дека ќе ги исправите наведените неточности. Нашата цел е да се заштити нашиот идентитет и репутација како македонска компанија и да не бидеме погрешно идентификувани во јавноста.

Ви благодариме на разбирањето и вниманието и се надеваме дека ќе ги превземете потребните мерки за коригирање на оваа грешка.

Со почит,

Горан Антевски , Раде Кончар -ТЕП

Владанка Трајкоска , Раде Кончар-Сервис“

Во наведените содржини каде е констатирана грешката, истата е отстранета. Грешката не е намерна, а пред именувањето на конкретната компанија во сите содржини е посочена државата Хрватска односно дека изведувач на конкретните активности е хрватска, странска компанија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД со детали за драмата во штипскиот затвор во која подебелиот крај го извлече затворскиот чувар

Дејан Дејан

КОД: Многу политика околу Универзална сала, а се заврши со пожар

Дејан Дејан

КОД: Пет жени политичарки под постојан напад на социјалните мрежи, интервју со Роберт Скот Хејзлет (НДИ)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе