Вести Култура Топ вести

Поддршката за фестивалот во Косово не е за негова реализација, туку за учеството на четири театари од Македонија

По реакциите во јавноста  , денеска министерката за култура на брифинг ги бранеше одобрените проекти од Годишната програма. Според Костадиновска- Стојчевска, не се дадени  од Македонија 30 илјади евра за реализација на театарски фестивал во Косово, туку за учество на четири театари од Македонија на тој фестивал. „ Рацинови средби“ добиле скромна поддршка зашто не конкурирала Општина Велес, туку здружение кое прв пат се јавило на конкурсот и кое не ги исполнува критериумите за повеќе пари. За незадоволните од Центар Јадро, министерката кажа дека повторно ќе им се разгледува апликацијата. А, тридневното исчезнување од Програмата на линкот со членовите на комисиите , министерката го поврза со технички проблем.

Многу полесно се осудува, отколку да се побара логично објаснување. Ова го кажа министерката за култура на денешниот брифинг, во врска со реакциите дека со Годишната програма се одобрени 30 000 евра за реализација на фестивал во Косово, од страна на Македонија. Според Костадиновска- Стојчевска, таа сума е дадена за учество на Албанскиот театар од Скопје, гостиварскиот, кумановскиот и театарот од Тетово, на меѓународниот патувачки фестивал „ Моисиу“ , кој годинава ќе се одржи во Приштина, а идната во Скопје.

  • Се работи за нивно учество на тој фестивал, односно за учество на четири национални установи од Република Северна Македонија . И тоа што е содржано во тие 30 000 евра се трошоците за патување, односно за тоа што им е потребно како сценски реквизит да го однесат таму, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска.

Скромната сума од 1360 евра, одобрена на манифестацијата „ Рацинови средби“  е поради тоа што како организатор се јавило новоформираното здружение „ Плус Публика“, делегирано од општината Велес, а не самата Општина, која сите 60 изданија ги организирала. Според критериумите, здружението треба да покаже дека 5 до 7 години било организатор на таква манифестација, за да смета на посериозна поддршка, кажа министерката. Според неа, Центарот Јадро добил над 50% од бараните средства за тековни трошоци, а незадоволните од независната сцена имаат право на жалба и повторно ќе им се разгледува апликацијата. Министерката ги отфрли обвинувањата дека по партиска и пријателска линија биле одобрени големи суми за проекти од Битола, во дејноста „Креативни индустрии“. Таа кажа дека треба да се следи реализацијата и презентацијата  на проектите , кои и лани биле поддржани. А, тридневното исчезнување на линкот со членовите на комисиите кои одлучувале за сите проекти од Програмата, го поврза со технички проблеми.

  • Заради сите 3315 корисници кои што мораше своите решенија да ги спуштат  од системот, повремено се прекинуваше сообраќајот на страната, кажа министерката за култура.

Поради јавно девалвирање на лицето кое стои зад фирмата „ Сити Рифејсинг“, на која и беа одобрени 14, 5 000 евра за чистење на чртаници од јавни површини и од споменици под надлежност на Министерството за култура, тоа го повлекло проектот, дополни министерката.

Сотир Трајков

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во послаба позиција од било кој негов претходник – Бајден со историски најнизок рејтинг според анкета на Галуп

Дејан Дејан

Основците и средношколците од утре до 6 мај на пролетен распуст

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 29.4.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе