Спорт Фудбал

Македонија утре ќе ги дознае ривалите во Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе ги дознае своите противници во рамки на Лигата на нации на УЕФА. Нашиот тим се натпреварува во третата по ранг лига, односно Ц-лигата.

Ждрепката за Лигата на нации ќе се одржи утре со почеток од 18 часот во Париз, Франција. Македонија е во Ц-лигата и според резултатите од минатото издание на ова натпреварување е во третиот квалитативен барабан.

Потенцијални ривали на нашата репрезентација од првиот барабан се селекциите на Романија, Шведска, Ерменија и Луксембург. Во вториот барабан се Азербејџан, Косово, Бугарија и Фарски Острови. Селекции кои се во нашиот барабан и не можат да бидат наши ривали се Словачка, Северна Ирска и Кипар. Од последниот барабан можни ривали ни се Белорусија, Естонија, Летонија и Литванија или Гибралтар.

Новата сезона во Лигата на нации ќе стартува во септември  и ќе се игра до ноември.
Македонија за да се искачи еден ранг погоре во Б-лигата ќе мора да заврши на првото место во својата група. Второпласираните тимови во Лигата Ц ќе играат плејоф со третопласираните тимови од Лигата Б за промоција или испаѓање. Двете селекции со најлош скор во Лигата Ц ќе испаднат во најслабата дивизија или Лигата Ц.

За потсетување во ланското издание на ова репрезентативно натпреварување Македонија финишираше трета во групата 4, зад победникот Грузија и Бугарија, а бевме подобри само од Гибралтар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе