Ракомет Спорт

Еурофарм Пелистер пред полни трибини го чека Вардар: Вечното дерби ќе го судат Начевски и Николов

Домашното ракометно првенство по повеќе од еден месец пауза продолжува претстојниот викенд. Стартува плејофот и тоа со вечното дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар. Овие две екипи се соочија и во првата фаза во истата група, но сега влогот е уште поголем, особено за битолчани.

Вечното ракометно дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се одигра во сабота со почеток од 18 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Домаќинот на дуелот објави дека веќе сите билети се распродадени, па „црвено-црните“ ги чека вистински навивачки пекол.

Вардар е во поповолна ситуација во однос на Пелистер, бидејќи во плејофот тргнува со три бода, додека битолчани имаат бод помалку. Во првиот дел од сезоната најтрофејниот македонски клуб беше подобар во меѓусебниот дуел со вечниот ривал и заврши на првото место во групата. Пелистер мора да победи за да направи чекор напред во одбрана на титулата, но дерби пресметките можеби и нема да бидат одлучувачки за конечниот исход на табелата. Вечното дерби ќе го суди нашата најдобра судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Тука мора да се внимава и на Алкалоид, кој исто како и Вардар влегува со три бодови во плејофот. Скопскиот тим лани беше кобен за Вардар, но оваа сезона сигурно ќе сака повторно да им ги замати сметките на фаворитите и можеби да атакува на титулата. Алкалоид плејофот го почнува со гостување кај Пролет во сабота, Бутел го пречекува Охрид, додека Тиквеш е домаќин на Струга.

Плејаутот стартува во петок со дуелот помеѓу Голден Арт и Мулти Есенс, во сабота играат Прилеп против Скопје и Аеродром против Еурофарм Пелистер 2, додека за во недела е закажана пресметката помеѓу Куманово и Вардар Неготино.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Воска Спорт ја отпиша Македонија ЃП од трката за опстанок во ПМФЛ

Desk

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе