Кошарка Спорт

Пелистер не искористи шут за победа, па загуби минимално од Сутјеска (ВИДЕО)

Пелистер загуби од Сутјеска во драматичен натпревар со 79-78 во рамки на 10.коло од кошаркарската АБА2-лига. Пелистерци го запишаа првиот пораз на турнирот во Нови Сад откако ги добија првите две средби, па сега на последниот турнир во месец март ќе водат тешка битка за пласман во плејофот.

Пелистер очајно го почна натпреварот, бидејќи имаше негатива од 0-14 на стартот, но потоа го пронајде својот ритам. Иако Сутјеска водеше во текот на целиот натпревар, битолчани постојано беа резултатски многу близу. Натпреварот беше решен буквално во последните секунди. Владимир Томашевиќ погоди само едно од двете слободни фрлања во финишот за водство на Сутјеска од 79-78. Пелистер го имаше последниот напад за победа, но Даишон Најт не успеа да погоди.
Андреј Магдевски со 17 поени беше најефикасен во редовите на македонскиот тим, Јуре Планиниќ имаше 15 поени и 12 скока.

Пелистер останува на 8.позиција на табелата, последното место кое води во плејофот со скор од четири победи и шест порази, но сега толку имаат и Сутјеска и Цедевита Јуниор. Борбата за место во разигрувањето ќе биде тешка, бидејќи до крајот на регуларниот дел од сезоната остануваат уште три натпревари, а на 18.март, Пелистер игра со Борац Бања Лука.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Арсенал го продава Габриел Жесус, прави место за ѕвезда од Серија А

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе