Кошарка Спорт

ТФТ по шест порази во низа конечно се израдува на триумф во АБА2

ТФТ Скопје конечно ја прекина низата од шест порази по ред во АБА2-лигата и денеска го совлада Шенчур со 85-77 во рамки на 10.коло на турнирот во Нови Сад.

Тимот од скопската населба Тафталиџе конечно проработи во регионалното натпреварување и денеска го имаше под контрола натпреварот со Шенчур. Водеше во текот на целиот натпревар, но го скрши противникот во третиот период, кога стигна и до највисоки +17 поени предност. Во последните 10 минути, ТФТ знаеше како да ја одржи предноста за конечна победа од 85-77.

Сардар Кадир Калхун со 18 поени беше најефикасен во редовите на скопскиот тим, а Виктор Ташовски имаше 16. Домен Петровиќ со 15 поени најмногу се истакна кај словенечкиот тим.
ТФТ сега има скор од две победи и осум порази во АБА2 и останува на претпоследната позиција, бидејќи само Шибенка има полош скор.

Останатите два македонски претставници во лигата, МЗТ Скопје и Пелистер утре ги играат натпреварите од 10.коло. Двата тима се во добра форма, бидејќи победија на претходните два натпревари, а „металците“ ќе се соочат со домаќинот на турнирот Војводина од 18 часот, додека битолчани ќе ги одмерат силите со Сутјеска точно напладне.

ФОТО: АБА Лига

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжува бајката на Хвалинска: Квалификантката ќе игра финале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Димитриевски награден со нов договор за одличните настапи за Валенсија

Sportska Redakcija

Никс направија „брејк“ против Сан Антонио на стартот на финалето (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе