Вести Македонија Топ вести

77 годишен пациент избодел болничар во ГОБ „8 Септември“

Медицинскиот техничар кој синоќа  беше нападнат со нож од пациент во болницата „8 Септември“ во Скопје е надвор од животна опасност, нема тешки повреди, туку само посекотина на градниот кош, но сепак доживеал голем стрес.

Станува збор за 77 годишен пациент кој досега во неколку наврати, поради срцева слабост, бил хоспитализиран во Градската општа Болница, но никогаш претходно не бил агресивен и немал дијагноза од психијатар.

Нападот се случил вчера околу 18 часот, неочекувано додека техничарот делел терапија, а подоцна било констатирано дека станува збор за акутно ментално растројство кое не може да се предвиди.

Раната не е сериозна, но стресот е голем што го претрпел медицинскиот техничар. При самиот преглед пациентот бил вознемирен и конфузен и не се сеќава на ситуацијата што се случи, вели проф. д-р Христијан Костов.

Реагираше Независниот синдикат за здравство кој го осуди инцидентот и побараа директорите на здравствените установи да ја зголемат безбедноста.

Не може пациент да има нож или било какво средство со кое може да повреди некој друг. Кога институциите би си ја сноселе одговорноста од влезот на пациентот во болницата, амбуланата, вакви работи нема да се случуваат или ќе се донесат на минимум, вели Кристина Олевска, претседател  на Независен синдикат при ГОБ 8 Септември.

Директорот Костов вели дека кај пациентите при прием се врши груба контрола, но не и во нивните лични работи. Медицинскиот техничар во ГОБ 8 Септември е нападнат со мало џебно ноже  кое најверојатно пациентот го носел во личниот прибор. И Костов се согласува дека безбедноста на персоналот мора да се подигне на повисоко ниво и ќе бара покрај строгите контроли во болницата да се инсталира и детектор за метал.

Треба да се преземат построги мерки за секој пациент што влегува во нашата установа. Мора да ги затегнеме тие процедури, вели Костов.

Напади на лекари во ГОБ „8 Септември“ се случувале и претходно. Меѓу најпознатите е оној од 2016 кога толпа од 30 луѓе го демолираа Ургентниот центар, затоа што лекарите не успеајаа да го спасат  пациентот кој починал од инфаркт.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти

Дејан Дејан

Променливо облачно со сончеви периоди и локална нестабилност – Временска прогноза за 20.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе