Uncategorized Вести Македонија Топ вести

„Песталоци“ со трогателен пост се прости од Вања

Вања Ѓорчевска

Основното училиште Јохан Јахнрих Песталоци со трогателен пост на Фејсбук се прости од својата ученичка, 14-годишната Вања Ѓорчевска, чие безживотно тело беше пронајдено утринава во близина на Скопје.

„Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања. Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме… Нека ти биде лесен патот кон вечната светлина. Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца. Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања“, објави училиштето на Фејсбук.

Претходно, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски најави дека в понеделник од 9 наутро, на службениот влез на училиштето „Јохан Хајнрих – Песталоци“ ќе биде отворена книга на жалост.

„Ги повикуваме блиските и сите граѓани кои сакаат да одадат почит да дојдат да се потпишат. Во моментот менаџментот на училиштето во соработка со повеќе психолози се подготвува за утрешниот ден со цел обезбедување поддршка за учениците и комуникација со нив на начин со кој сите полесно ќе го пребродат овој трагичен настан“, напиша Герасимовски.

Вања исчезна на 27 ноември утрото, кога тргнала на училиште. Обвинителството денеска соопшти дека е пронајдено нејзиното безживотно тело. Била убиена. За убиството се осомничени пет лица, од кои едно се наоѓа надвор од државата. Се работи за Љ.П. со прекар П., поранешен градежен претприемач, а сега политички активист од Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе