Убавото време ги изнесе скопјани надвор, но на кејот на реката Вардар наидоа на несекојдневна глетка.
Покрај поситниот отпад, во водата плови и кабаст отпад.

Жителите на Скопје до Телма испратија фотографии на кои се гледа црвена софа која е заглавена на кејот веднаш под мостот Обединети нации.

Во шега прашуваат дали ќе стигне до Грција каде Вардар се влева во Средоземното море и каде мора да се почитуваат европските еколошки стандарди па и софата ќе биде отстранета од реката.

Дотогаш црвената софа останува во реката Вардар да биде пристаниште на реткиот речен птичји свет, како што се шатките и патките.
