Вести Македонија

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Kандидатите за прием во Единицата за Брзо Распоредување успешно реализираа показна вежба составена од повеќе етапи, преку кои ги демонстрираа своите стекнати знаења, вештини и подготвеност за извршување на полициските задачи.
Обуката опфаќаше справување со нарушувања на јавниот ред и мир, тактики за воспоставување и одржување на јавниот ред, како и постапки за лишување од слобода и апсење на сторители на кривични дела.
Кандидатите покажаа високо ниво на дисциплина, координација, физичка подготвеност и професионален пристап, потврдувајќи ја својата подготвеност за идните предизвици во служба на граѓаните и безбедноста .

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, кој присуствуваше на завршната вежба на новоселектираните полициски службеници рече дека прикажаните резултати се „потврда за квалитетот на селекцискиот и обучувачкиот процес, како и за континуираните напори на МВР да се создаде стручен, дисциплиниран и мотивиран полициски кадар подготвен да одговори на сите безбедносни предизвици“.

Селектираните кандидати по завршената шестмесечна обука ќе станат дел од оваа елитна и високо специјализирана единица на Министерството за внатрешни работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Црна Гора ги врати „батинашите“ на Вучиќ од Тиват во Белград – Србија ги блокираше граничните премини со соседната држава

Дејан Дејан

Корупцијата почнала во Агенцијата која требалa да ги штити европските фондови – рече обвинителката на судење за ИПАРД во кој е обвинет и функционер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе