Осомничениот за двете убиства е ист.
Според извори на Телма блиски до истрагата се работи за скопјанецот Љ.П. со прекар П . Тој на 22-ри ноември го киднапирал велешанецот Панче со кој имал поврзаност заради некакви наводни ископи на злато.
Тој е убиен, а неговото возило е истото она со кое подоцна е киднапирана 14-годишната Вања и префрлена од убиецот и неговите осомничени помошници. Киднапирањето е извршено на влезот на зградата која главниот осомничен Љ.П. викан П. одлично ја знаел.
Мотивот за киднапирање е поврзан со користољубие и со исплата на пари и други материјални средства. Киднапираната Вања била застрелана со пиштол во 10 часот истиот ден кога е земена при одење на училиште. Истиот ден на 27 ми полицијата го наоѓа ситроенот, возилото на велешанецот Панче, запалено во атарот на селото Бразда во Скопска Црна Гора.
Токму во атарот на скопска Брада е пронајдено утрово и нејзиното тело. Осомничениот Љ.П со прекар П. не бил сам во грозоморното дело.
Истрагата смета дека му помагал и неговиот возач и уште тројца за кои е предложен притвор. Првичните сознанија се дека Љ.П. е во бегство во странство и е недостапен за истрагата.