Вести Македонија Најважни

Петмина приведени во истрагата за исчезнатата Вања

Пет лица се приведени, а едно возило е обезбедено во истрагата за исчезнувањето на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска од центарот на Скопје. При денешната посета на СВР Куманово, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека има напредок во истрагата, но оти во зависност до информациите до кои ќе дојдат со новиот развој ќе може да се оцени колку е блиску полицијата до пронаоѓање на девојчето. Тој се надева дека тоа ќе се случи што поскоро.

„Синоќа, доцна во ноќта се работеше исто така интензивно. Морам да кажам дека имаме приведено пет лица и обезбедено едно возило со коишто се продолжува понатаму со активностите на работење. Тоа е нешто плус што го преземавме“, рече Спасовски.

Спасовски вчера изјави дека не постои никаква потврда дека трагата на 14 годишната Вања се губи пред пекарата „Силбо“, или кафулето „Броз“, како што претходно се пишуваше во медиумите. Не соопшти други детали и повика да не се шпекулира.

„Тие факти коишто ги утврдуваме преку овие истражни мерки ќе ги соопштиме во јавноста во момент кога треба да бидат соопштени, поради тоа што предвременото соопштување ни прави проблем“, рече Спасовски.

Спасовски претходно изјави дека преку 50 камери, односно места каде што имало камери, се преземени и прегледани а целосно е во функција системот „Safe city“ во кој што исто така се преземаат низа мерки.

Вања излегла од дома утрото на 27-ми ноември во 07:27 минути од станот кој се наоѓа во Дебар Маало.

Од таму се упатила до нејзиното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“. Во 11 часот нејзиното исчезнување го пријавил таткото во полициската станица „Беко“, односно Центар. Претходно мајката во 08:35 пријавила на полиција дека детето ѝ е исчезнато.

Во пребарувањето вклучени се стотици полицајци, граѓани, ловџии. По Вања трага и „Интерпол“.

Девојчето е високо 175 сантиметри, тешко 58 килограми. Има темнокафеава коса, кафеави очи, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Пред исчезнувањето била облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носела школски ранец и мобилен телефон ‘ајфон’.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Многу брзо ќе стане јасно дали Северна Македонија сака да оди кон Европа, нема да правиме повеќе отстапки, пораки од бугарскиот државен врв

Дејан Дејан

Гир до Сиљановска-Давкова: Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата, Вархеј очекува забрзување на реформите

Дејан Дејан

Еурактив: Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со Грција и со Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе