Годинашниот извештај за напредок е прв откако Македонија ја почна првата фаза за почеток на преговори со скринингот кој е во завршна фаза.
ЕК денеска објавува три документи, стратегија за проширување, чиј составен дел се извештаите за напредок за Македонија но и за останатите земји меѓу кои и Украина.
Како што беше најавено на минатонеделната посета на претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен во два документи се објаснува и како ќе се спроведува планот за раст со кој Македонија и земјите од Западен Балкан треба да добијат пристап кон седум области од европскиот единствен пазар и шест милијарди евра за поттикнување на економскиот развој.
