Вести Најважни Свет

ОН се надеваат дека денеска втор конвој со хуманитарна помош ќе влезе во Газа

Шефот на ОН задолжен за хуманитарна помош  Мартин Грифитс изјави дека се надева дека на вториот конвој со хуманитарна помош ќе му биде дозволено да влезе во Појасот Газа денеска.

Грифитс рече дека постои можност да помине уште еден конвој, пренесува Би-Би-Си. – Можеби дури и малку поголем, до 30 камиони, појасни Грифитс.

Дваесет камиони со хуманитарна помош влегоа вчера во Појасот Газа преку преминот Рафа со Египет.

Ова беа првите камиони кои влегоа во Појасот Газа откако Израел воведе блокада пред две недели по нападот на Хамас.

Во меѓувреме, Светската програма за храна при ОН, соопшти дека цивилите во Газа се „на работ на катастрофа“ поради акутен недостиг на храна, вода и медицински материјали.

Агенцијата соопшти дека и се потребни 74 милиони долари за итни потреби во Појасот Газа во следните 90 дена, пренесува Си-Ен-Ен. Се вели дека продавниците во Појасот Газа имаат резерви на храна за помалку од една недела и оти има сериозен недостиг од прехранбени производи.

Агенцијата на ОН апелира за „заштита на виталната инфраструктура и заштита на цивилите, за да можат да пристапат до точките и услугите за хуманитарна помош“.

Три камиони на Програмата за храна беа дел од конвојот од 20 камиони со помош што вчера влегоа во Газа преку граничниот премин Рафа. Уште 40 камиони на Светската програма за храна чекаат во Египет за да го преминат граничниот премин Рафа и да влезат во Газа, се вели во извештајот на оваа агенција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе