Вести Најважни Свет

Хуманитарците во трка со времето да достават помош во Појасот Газа

Египетски работници брзаат да ја поправат штетата на преминот Рафа, направена од израелското бомбардирање изминативе денови за да можат да влезат дозволените 20 камиони со хуманитарна помош. На египетската страна од преминот повеќе од 120 камиони веќе со денови чекаат да влезат во Газа, а египетскиот претседател ал Сиси инсистира дека неговата земја е подготвена веднаш да го отвори преминот, но штетата од бомбардирањето на самиот премин и патот кој води до него, како и органичувањата наметнати од Израел засега го спречуваат во тоа.

  • „Го потврдив континуираното пристигнување на хуманитарна помош во Египет, и неговата посветеност таа помош да биде транспортирана во Појасот Газа преку копнениот премин Рафа, кога условите ќе го дозволат тоа. Имајќи во предвид дека Египет не го затоври преминот од почетокот на кризата, туку развојот на настаните на терен и постојаните израелски напади врз палестинската страна на преминот ја спречуваат помошта“ – Абдел Фатах ал Сиси – Претседател на Египет.

Во меѓувреме хуманитарните услови во Појасот Газа агенцијата за палестински беглаци при ООН ги опиша како пеколни, откако Израел го стави регионот под опсада по големиот напад на Хамас на 7 октомври, прекинувајќи го снабдувањето со струја, вода и гориво. СЗО предупреди дека во моментов во Газа се дистрибуираат само три литри вода по глава на жител дневно, а минималната дневна потреба од вода за пиење, лична хигиена и готвење изнесува најмалку 100 литри. Израел дозволи влез само на храна, вода и лекови, но не и на гориво и филтри за десалинизација на вода.

  • „Нема бензин, нема гас, нема дизел, ништо нема. Луѓето готват на дрва, се вративме во каменото доба“ – Џихад ал Серки – Палестинец, жител на Газа

И додека израелските копнени сили распоредени околу Газа ја очекуваат наредбата за напад, судирите со Хезболах на либанската граница на север зачестуваат зглемувајќи ги стравовите од проширување на конфликтот. Токму таа загриженост ги натера САД во регионот да распоредат две борбени групи на воени бродови, од кои едната веќе била приморана да интервенира. Американски разурнувач вчера во Црвеното море пресретнал 3 ракети и неколку беспилотни летала лансирани од страна на Хути бунтовниците во Јемен, поддржани од Иран.

  • „Не можеме со сигурност да кажеме кои биле метите на овие ракети и дронови, но тие беа лансирани од Јемен, упатувајќи се северно покрај Црвеното море, потенцијално наменети за мети во Израел. Нашите одбранбен одговор беше ист каков што превземаме против било каква безбедносна закана во регионот против нашите интереси, персонал и нашите партнери“ – Бригаден генерал Пет Рајдер – портпарол на Пентагон.

Доцна синоќа американскиот претседател Џо Бајден, по неуспешната миротворна мисија на Блискиот Исток, побара од Конгресот одобровање на нов пакет помош за Израел и Украина. Во обраќање до јавноста, Бајден порача дека САД имаат обврска да ги поддржуваат своите сојузници ширум светот, а нивните победи против Хамас и Русија ги прогласи за витални за американската национална безбедност.

  • „Американското лидероство го одржува светот. Американските сојузи се тие што ја чуваат Америка безбедна. Американските вреедности не прават партнер со кој другите народи сакаат да работат. Да го ризикуваме сето тоа повлекувајќи се од Украина, вртејќи му го грбот на Израел, едноставно не вреди“ – Џо Бајден – Претседател на САД.

И додека западот се обидува да спречи проширување на овој конфликт, страдањата на Палестинците во Газа продолжуваат. Израел продолжува да бомбардира цели на Хамас, а во тие воздушни напади досега загинаа повеќе од 3.700 лица во Газа, откако Хамас го изврши досега најголемиот напад во Израел на 7 октомври, убивајќи 1.400 лица а околу 200 цивили и војници беа земени како заложници.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе