Вести Најважни Свет

Демонстранти влегоа во зградата на Капитол – бараат да запре геноцидот во Газа

Американски демонстранти упаднаа во дел од зградата на Капитол, протестирајќи против војната меѓу Израел и Газа. Според извештаите, уапсени се околу 50 лица бидејќи демонстрациите не се дозволени во зградите на Конгресот.

Дел од пораките на социјалните медиуми се дека зад протестот стои непрофитната организација „Еврејски глас за мир“ како и дека демонстрантите нема да го напуштат објектот се додека Конгресот не повика на прекин на огнот во Газа. На протест во Вашингтон пак еврејски и палестински активисти повикаа и на прекин на американската воена поддршка за израелската држава. Тука сме да повикаме да се стави крај на геноцидот, тагуваме и за израелските и за палестинските изгубени животи, се вели во пораките кои се споделуваа на социјалните мрежи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе