Вести Најважни Свет

Се уште не е прецизирано чија ракета падна врз болницата во Газа – Арапските лидери ја откажаа средбата со Бајден

Повеќе од 500 лица загинаа во синоќешното бомбардирање на болница во Газа, што беше причина да биде откажан планираниот самит на Бајден со арапските лидери во Аман. Веднаш по бомбардирањето на болницата, палестинскиот лидер Махмуд Абас, кој веќе беше во Аман, соопшти дека се повлекува од самитот и се враќа назад во Западниот Брег.

„Повеќе меѓународни одлуки беа донесени за да го заштитат нашиот народ, но тие не беа имплементирани затоа што Америка не сака да ги спроведе. Оваа агресија против нашиот народ мора да престане, и мора да им се стави крај на овие злосторства. Нема да дозволиме уште една катастрофа во 21 век, и нема да прифатиме ново раселување на нашиот народ. Нашиот народ непоколебливо ќе остане во својата тактовина, нема да заминеме, нема да заминеме и нема да заминеме.“, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас. 

Уште не пристигнат во Тел Авив, посетата на американскиот претседател Џо Бајден со која сакаше да ја потврди цврстата поддршка на САД за Израел, и посветеноста на Вашингтон за заштита на палестинските цивили, се заканува да биде задоцнета.

„Светот ја гледа таа поддршка и моралот кој јасно го демонстриравте од моментот кога Израел беше нападнат. Точно повлековте јасна линија помеѓу силите на цивилизациајта и силите на варваризмот. Тоа што Хамас го направи го опишавте како „чисто зло“. Токму и тоа е.“, изјави Нетанјаху. 

И додека обидот на Бајден да се претстави како мировен посредник не оди според планот, Хамас и Израел меѓусебно се обвинуваат за бомбардирањето на болницата, која стотици Палестинци ја користеа како засолниште од израелското бомбардирање. Хамас веднаш објави дека за нападот е одговрен Израел, додека Тел Авив објави серија видеа и пораки, кои како што тврди, откриваат дека ракетата која ја погоди болницата била испалена од Палестинскиот Исламски џихад.

„Според нашето разузнавање, Хамас ги видел извештаите, заклучил дека станува збор за залутана ракета од Исламскиот џихад и одлучи да лансира глобална кампања за да скрие што точно се случило. Отидоа дотаму што го зголемија и бројот на жртви. Сосема јасно сфатија дека залутана ракета на Исламски џихад ја погодила болницата.“, соопшти Адмирал Даниел Хагари – Израелски одбранбени сили

Со оваа констатација се согласи и американскиот претседател.

„Бев длабоко натажен и гневен поради вчерашната експлозија во болница во Газа. Врз основа на тоа што го видов, се чини дека ова е направено од другата страна, а не од вас. Но, на многумина тоа не им е јасно. Затоа имаме многу работа да го разрешиме тоа, многу работи.“, потврди Бајден. 

Веќе е јасно дека целите кои американскиот претседател ги зцрта пред посетата на регионот, ќе биде тешко да се остварат. За дипломатија е потребен разговор, а за разговор е потребно извесно ниво на доверба. Планот беше да се искористи светското внимание предизвикано од претседателската посета за да се убеди Израел да дозволи отварање хуманитарни коридори и безбедни зони во Газа, а тоа Бајден се надеваше дека ќе создаде доволно доверба кај двете страни за да се отворат преговори за ослободување на заложниците. Серијата настани кои ги предизвика синоќешното бомбардирање на болницата му оставаат многу ограничен простор за дипломатско маневрирање.

Игор Трајков 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе