Вести Најважни Свет

Израел и Хамас заглавени во контра-тврдења кој фрли бомба во болницата во Газа каде загинаа најмалку 500-тини луѓе

Израел и Палестинците се заглавени во тврдења и контра тврдења за она што се случи синоќа во болницата Ахли во Газа. Се смета дека загинале околу 500 луѓе – пациенти и луѓе кои се засолнувале во теренот, мислејќи дека болницата е безбедна.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас – со седиште на Западниот Брег, а не на Газа – го обвини Израел, нарекувајќи го непростливо злосторство. Прогласи тридневна жалост.

Израел ги отфрли обвинувањата дека ја бомбардирал болница. Израелските власти велат таа најверојатно била погодена од ракета на Хамас, која погрешно била испукана.

„Сакам да соопштам за настанот што се случи во болницата во Газа. Можам да потврдам дека анализата на оперативните системи на Израелските одбранбени сили укажува дека е истрелан бараж од ракети од терористи во Газа кои поминале во непосредна близина на Ал Ахли, во истиот момент кога и болницата Ал-Махди во Газа беше погодена. Разузнавачките податоци од неколку извори што ги имаме е укажуваат дека Исламскиот џихад е одговорен за неуспешното лансирање ракета што ја погоди болницата во Газа. Повторувам, ова е одговорноста на Исламскиот џихад кој уби невини во болницата во Газа“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелските одбранбени сили.

Израелските одбранбени сили тврдат дека болниците не се цел на нивните воздушни напади, а се огласи и Исламски џихад, негирајќи дека има врска со експлозијата.

Но, утрово израелските воздухопловни сили ја презедоа заслугата за нападот на десетици други „воени цели низ Појасот Газа“ – и во процесот „елиминирање“ на уште двајца членови на палестинската милитантна група Хамас.

Опишувајќи некои од местата што ги погодија нивните борбени авиони, воздухопловните сили на Израел соопштуваат дека во последниот ден „нападнале“, меѓу другите места, „оперативни штабови“, „позиции за лансирање ракети и противтенковски“ и таканаречената „терористичка инфраструктура “.

Џо Бајден треба да пристигне во Израел во наредните часови. Тајмингот според аналитичарите не може да биде полош, но американскиот претседател не доаѓа само за да покаже колку го поддржува Израел, туку и Палестинците. Бајден смета дека постои голема разлика помеѓу Хамас и невините палестински цивили кои се фатени во вкрстен оган од војната.  Затоа ќе се сретне и со арапските лидери. Ќе ја изрази вистинска загриженост не само за Израелците, туку и за растечката криза околу Палестинците во Газа.

За страдањето и најавената епска хуманитарна криза, предупреди и првиот човек на ОН. Гутереш повика на итен хуманитарен прекин на огнот, за да се олесни, како што рече, „епското страдање“ на кое сме сведоци.

  • Ужаснат сум од стотиците луѓе кои беа убиени во болницата Ал-Ахли истиот . Повикувам на итен хуманитарен прекин на огнот за да се обезбеди доволно време и простор за да се помогне во реализацијата на моите два апели и да се олесни епското човечко страдање на кое сме сведоци. Премногу животи и судбината на целиот регион висат на конец, изјави Антонио Гутереш. 

Во меѓувреме, расте и политичкиот хоас меѓу жителите на Западниот Брег. Масовни се протестите и против палестинскиот прет6седател Абас, кој е обвинет од сопствениот народ дека не може да ги заштити. Палестинците се судрија со сопствените безбедносни сили, фрлајќи камења и скандирајќи против Абас. Но, имаше протести и во Либан, Јордан, Либија и Иран против Израел.

 

А.Ш. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе