Вести Најважни Свет

Хаос во Газа Сити по израелскиот напад на болницата во која загинаа над 500-тини луѓе

Израелските воздушни сили ја погодија болницата Ал-Ахли Араби во центарот на Газа, соопштија палестинското министерство за здравство. Најмалку 500-тини луѓе загинаа во експлозијата. Информацијата се лиферува како непотврдена, а од израелските власти засега молк. Течат нивните проверки за тоа што точно се случило во болницата. Но, ако се потврди, овој напад ќе биде најсмртоносниот израелски воздушен напад врз Газа од 2008-ма година. 80% од оваа болница не функционирала, и служеше како засолниште на илјадници луѓе. Најголем дел од жртвите во болницата се раселени семејства, пациенти, деца и жени.

Од Хамас, нападот го нарекоа колеж и геноцид.

 „Ова ја разоткрива и американската и западната поддршка за оваа криминална окупација“, се вели во соопштението. Побараа од исламските земји да ги преземат своите одговорности и да интервенираат веднаш, и сега, а не утре

На видеата што се емитуваат на социјалните медиуми се гледа пожар во болничките хали, искршени стакла и расфрлени човечки тела низ улицата, запалени возила.

Претходно, бомбардирано беше училиште во бегалски камп во појасот Газа, каде беа засолнати преку 4 илјади луѓе, потврдија од ОН. Десетици загинаа, но се верува дека бројката ќе се зголемува и од овој напад.

Од Светската организација велат дека нападите се флагрантно занемарување на животите на цивилите, и ниту едно место веќе не е безбедно за криење во Газа.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Нетанјаху го повика светот обединето да застане зад неговата земја за да го порази Хамас, кој го обвини дека ги користи граѓаните како жив штит. Ги нарече нови нацисти кои дивјачки убиваат.

  • Прашањето за безбедноста на цивилите е нешто што се поставува со акциите на Хамас. Хамас врши двојно воено злосторство. Не само што цели и убива цивили со невидено дивјаштво, туку се крие зад цивилите, нивните сопствени цивили, изјави Нетанјаху. 

Сѐ уште се дебатира како да биде доставена хуманитарната помош до Палестинците, на кои им е неопходна, без таа да падне во рацете на Хамас. СЗО стравува од нови болести, посебно кај децата.

  • Има приближно стотици илјади. Половина од населението на Појасот Газа се деца, а им е потребна заштита од заразни болести преку програмата за вакцинација. Постои ризик од појава на болести како колера, детска парализа кои го загрозуваат јавното здравје, не во Газа, регионот или во соседните земји, туку на глобално ниво. Ако овие програми не успеат да го направат она што треба да го направат, постои закана за глобалното јавно здравје, соопшти Д-Р АХМЕД АЛ МАНДХАРИ, РЕГИОНАЛЕН ДИРЕКТОР НАСЗО ЗА ИСТОЧЕН МЕДИТЕРАН

Египет се чини подготвен во секој момент да го отвори преминот, но во исто време стравува од голем наплив на бегалци од Појасот Газа. Истата загриженост постои и на јорданската страна. И Египет и Јордан не сакаат бегалците да влезат на нивна територија. Загриженоста од проширување на овој судир дополнително ја зголеми и Иран, кој предупреди дека ќе преземе превентивни дејства ако Израел продолжи со бомбардирањето на Газа.

Алиса Шутиноска

 

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе