Вести Најважни Свет

Макрон и Шолц во Тирана – Албанија по вторпат домаќин на Самит на Берлинскиот процес

Денеска во Тирана почнува Самит на Берлинскиот процес на кој се очекува да биде потпишан договор за меѓусебно признавање на професионални квалификации. Но, и девет години од иницијативата, жителите на Тирана имаат резерви дека нивната земја наскоро ќе стане членка на ЕУ, иако во тек е скрининг процесот, а веќе вторпат Албанија е домаќин и на европските и на балканските лидери.

Лани на Самитот ЕУ-Западен Балкан, сега на Берлинскиот процес. Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен од вчера е во Тирана. Таа на заедничката прес-конференција со премиерот на Албанија, Еди Рама порача дека земјата успешно се движи кон ЕУ и дека тоа е една од причина зошто земјата треба да биде обединета во ЕУ.

Фон дер Лајен истакна и дека ќе се фокусира на новиот план за ЕУ, кој има потенцијал да ја развие економијата на Албанија. Но, нагласи дека за ова ќе бидат неопходни реформи кои ќе бидат придружени со инвестиции чиј обем, пак, ќе зависи од сработеното.

Според најавите, на самитот ќе присуствува и францускиот претседател Емануел Макрон, што ќе биде прва посета на еден француски претседател на Албанија. Доаѓа и германскиот канцелар Олаф Шолц.

Темите на кои ќе се разговара на Самитот се интеграција на регионот во единствениот пазар и поддршка на зелената и дигитална транзиција на Западен Балкан. Тема е и новиот план за раст на Западен Балкан на кој работи ЕК, а кој еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи го смета за вистинска и клучна алатка за побрзо интегрирање на шесте балкански земји во Европската унија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остин: Претседателот на САД одлучи да се прекине испораката на оружје за Израел

Дејан Дејан

ДИК: Излезноста на парламентарните избори е 46,93 отсто, до 17 часот гласале 470.950 лица

Дејан Дејан

Дали Даштевски буни со бројките, со 452.412 гласа објави процент над цензусот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе