Вести Најважни Свет

Граничниот премин Рафа во Појасот Газа се уште затворен – Блинкен не губи надеж дека рампата ќе се крене

Најавеното отварање на граничниот премин Рафа во Појасот Газа сѐ уште не се случи, иако американскиот државен секретар Ентони Блинкен не губи надеж. Египет, кон чија територија води преминот од Газа, соопшти дека Израел засега не дозволува преминување ниту на хуманитарна помош, ниту пак на државјани од трети земји кои во моментов се заглавени во појасот. Илјадници лица се собрани во близина на преминот надевајќи се дека тој ќе биде отворен и ќе можат да избегаат од Газа пред очекуваната израелска копнена офанзива.

„Досега, за жал, израелската влада не донесе одлука за отварање на премито од Газа, ниту пак за влезот на хуманитарна помош или излезот на државјани од трети земји.“, изјави Шамех Шокри – Министер за надворешни работи на Египет

Во меѓувреме Израел соопшти дека точниот број на киднапирани лица од Хамас одведени во Појасот Газа изнесува 199. Хамас претходно се закани дека ќе започне со убицвање на заложници ако Израел продолжи да бомбардира без претходно предупредување во Газа.

Додека се очекува разврската во Газа, на северот од Израел растат тензиите со Хезболах кој оперира од територијата на Либан. Израелската армија евакуираше во близина на границата, во исто време зголемувајќи го бројот на свои војници за да се спречи евентуален напад од страна на Хезболах. Обраќајќи се во Кнесетот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги предупреди Хезболах и нивните ирански подржувачи дека ќе платат висока цена ако се приклучат во војната.

„Имам порака за Иран и Хезболах, немојте да нѐ тестирате на северот, не повторувајте ја истата грешка што веќе еднаш ја направивте. Бидејќи цената сега што ќе ја платите ќе биде многу повисока. Претседателот Бајден ви рече на англиски: Не правете го тоа. А јас ќе ви го кажам на хебрејски: Внимавајте., предупреди Нетанјаху.

Додека ситуациајта останува тензична со потенцијал во секој момент да излезе од контрола, дипломатските напори продолжуваат. Американскиот државен секретар денеска повторно дојде во Израел, во обид заедно со Обединетите нации и регионалните партнери да се постигне договор за обезбедување хуманитарна помош за цивилите во Газа.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе