Вести Најважни Свет

Брачниот пар македонски државјани осми ден по нападите е заглавен во Газа

Брачниот пар македонски државјани осми ден по нападите се заглавени во Газа.Нивниот обид да избегаат бил неуспешен, откако властите во Каиро го затвоориле граничниот премин. Се обиделе да ја напуштат областа преку преминот рафа кон Египет но тој бил затворен . Друг копнен излез од земјата нема ,бидејки израелската армија постави обрач по должината на целата граница со Газа .

Надлежните не изнесуваат многу детали за нив или за нови случаи кои побрале помош во јавноста. ОД МНР за Телма велат се уште контактираат со брачниот пар и прават максимални напори за нивно извлекување.Потврдија дека тие во моментов се безбедни.

Османи се фокусираше на вчерашната успешна евакуација на сите македонски државјани во Израел кои побарале помош од македонската амбасада. Детали за нови луѓе кои бараат помош во моментов нема. Денес министерот Османи акцентот го стави на македонскиот дипломат во Израел Мачеј Качоровски на кого му ги припиша сите заслуги за извлекувањето на нашите државјани од Израел.

Тој одигра клучна улога во извлекувањето на нашите државјани преку различни транспортни рути, неуморно координирајќи го целокупниот процес од почетокот па сѐ до нивното безбедно враќање во Северна Македонија.
Признание и за активностите на Кризниот штаб во МНР, нашата дипломатско-конзуларна мрежа и СОС тимот, кои придонесоа за успешна финализација на евакуацијата. – објави Османи на фејсбук

 Телма се обиде да стапи во контакт со македонскиот дипломат Качоровски, но обидот не беше успешен. По вчерашното успешно евакуирање на македонските државјани од Израел, пред камерата на Телма низ емоции ги истакнаа своите приказни.

Владиниот пи-ар преку соопштение информираше за вчерашната евакуација. Сите македонски државјани кои побарале помош, вчера беа успешно евакуирани со чартер летот организиран и платен од страна на Владата.

Владата вели дека внимателно ги следи случувањата во Израел преку Министерството за надворешни работи, кое што е во редовен контакт со македонската Амбасада во Тел Авив.

Марија Коцева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе