Вести Најважни Свет

Бегалците без храна и вода се селат на југ, 12 загинати во ракетен напад

12 луѓе, меѓу кои и мали деца, се убиени откако со ракета беше погоден конвој возила со кој се евакуираат жители на градот Газа, кои бегаат кон југ. Анализата на снимките од местото на нападот покажува дека меѓу загинатите има и деца од две до пет години. За повредените се бара спас во палестинските болници кадешто се превезуваат со амбулантни возила. Палестинското Министерство за здравство го обвини Израел за нападот, а Израелските вооружени сили рекоа дека повеле истрага за случајот. Рокот за евакуација на Палестинците од северот на Газа измина, откако изарале го продолжи до 16 часот попладнево, пред очекуваната копнена офанзива на Израел против милитантната група Хамас. Претходно „Израелската армија до информираше населението во северна Газа нема да бидат бомбардирани во тој период. Полковникот, Џонатан Конрикус, во детален извешетај соопшти дека војската ќе преземе големи напори за да избегне да им наштети на цивилите и дека на жителите ќе им биде дозволено да се вратат кога ќе заврши војната. Додека се подготвува јавноста за офанзива, траат и подготовките на армијата која од совите војници бара жестоко да се соочат со неприајтелот.

„Ние сме распоредени и силно подготвени за следните фази од војната. Ги подготвуваме силите, ги направивме плановите, подготвени сме за напад во сите правци, на југ, север и централно“, рече Даниел Хагари, Портпарол на Израелска армија

Палестинските цивили во Газа не се наши непријатели. Ние не ги оценуваме како такви и не ги таргетираме како такви, рече полковник Конрикус, но додаде  дека Хамас се тие кои ги спречуваат да се евакуираат. Армијата од утрово концентрира тешка артилерија и тенкови кон појасот Газа, додека сојузничкиот Хазболах од југот на Либан напаѓа во неколку наврати. Додека се засилуваат воените дејствија, расте напантноста од копнен судир, палестинките граѓани нога пред нога пеш се уптауваат кон југот на енклавата. Без, храна, вода и основни намирници се повлекуваат од своите огништа.

„Бевме раселени од областа Фраис Сук вчера, откако добивме летоци во кои се бара да се движиме од границата со Газа (северна Газа) на југ, по долината. Во куќата живеевме сто и педесет луѓе. Излеговме од дома, без храна, без вода и без облека. Заминавме без да земеме ништо со нас. Отидовме во училиштето UNRWA во Нусејрат. Се разбира, животот овде е лош.Нема основи работи за живот. Откако дојдовме во овој двор, нашето семејство сè уште нема храна, нема вода и други работи,“ вели бегалецот од Палестина

По воените случувања регионот се вжештува и политички. Дел од меѓуанродната заедница бара мирно решавање на кризата, но пристигаат и и пораки со поддршка за палелстинките воени групи. Иранскиот министер за надворешни работи остро порача дека ќе има одговр од ИРан, ако ИЗраел повлече нов воен потег во појасот ГАза.

„Ако меѓународната заедница, Обединетите нации и актерите во светот и регионот кои ги поддржуваат војните на ционистичкиот ентитет не сакаат да запрат со воените активности, тие ќе добијат соодветен одговор на местата каде што е соодветно да се помогне на отпорот,“ рече иранскиот министер за надворешни работи

Тековниот конфликт меѓу Израел и Хамас однесе повеќе од 3.000 животи на двете страни во текот на неделата откако Хамас започна невиден ненадеен напад на 7 октомври. Израел, ги погребува своите загинати, а во Палестина се прават напри за дополнителни болнички кревети и лекарска помош по неколудневното бомбарадирање на појасот. Болниците се преполни со повредени кои умираат на подот. Во меѓувреме, СЗО соопштија дека во Египет веќе е пристигнат нивниот авион со храна, лекови и вода за жителите на Газа, но се уште нема отворен и безбеден премин оваа очајно потребна хуманитарна помош да стигне до засегнатите. Авионот се наоѓа на 45 километри од преминот Рафа, од каде засега можат да се евакуираат само американските државјани и никој друг. Египет не го отвора се уште преминот за другите цивили.

Павле Беловски

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе