Вести Најважни Свет

ОН бараат Израел да ја повлече наредбата за евакуација на населението во Газа – За Тел Авив барањето е срамно

Израелската војска ги известила Обединетите нации (ОН) дека сите жители кои живеат северно од Вади Газа треба да се евакуираат во јужниот дел на Газа во следните 24 часа, изјави портпаролот на ОН, јавуваат светските агенции.

Вади Газа е речна долина лоцирана околу центарот на Појасот Газа, простирајќи се долж појасот и завршува во Средоземното Море. Позната е по своите крајбрежни мочуришта и биодиверзитет.

Од Обединетите нации велат дека станува збор за речиси 1,1 милион луѓе, односно половина од населението на целиот Појас Газа, пренесува Би-би-си, додавајќи дека посочената област го опфаќа густо населениот град Газа.

Предупредувањето, како што се наведува било издадено непосредно пред полноќ.

„Обединетите нации сметаат дека такво преместување на луѓе е невозможно да се случи без катастрофални хуманитарни последици“,се вели во соопштението на портпаролот на ОН, Стефан ДужариK. 

Обединетите нации изразуваат загриженост во врска со ваквото барање на израелската војска и апелираат на укинување на наредбата за евакуација.

„ОН силно апелираат секоја таква наредба, доколку биде потврдена, да се укине, избегнувајќи го она што може да го трансформира она што веќе е трагедија во оваа катастрофална ситуација“,

изјави портпаролот на светската организација. 

Офицерите за врска на израелската војска ги информирале лидерите на тимот на Обединетите нации во Газа за наредбата за евакуација, која, како што се наведува го вклучува и целиот персонал на ОН, како и лицата кои се засолнети во објектите на ОН, кои вклучуваат училишта, здравствени центри и клинки, пренесуваат светските медиуми.  

Советот за безбедност на ОН денеска треба да одржи итен состанок во затворен формат на кој ќе се дискутира за ситуацијата, а каде постојани членки се  САД, Велика Британија, Кина, Русија и Франција.

По соопштението на ОН, Израел утрово излезе со одговор на соопштението на светската организација , во кој ја брани наредбата за евакуација, оценувајќи ја изјавата на меѓународната организација како срамна. 

Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан, изјави дека дале рано предупредување до жителите на Газа во обид да се „минимизира штетата на оние што не се вклучени, во нејзината операција против групата Хамас.

Израелскиот амбасадор ги обвини Обединетите нации дека со години ги „затвораат очите“ во врска со вооружувањето на Хамас и искористувањето на цивилното население и цивилната инфраструктура во Појасот Газа за криење на оружјето и негова употреба.

„Сега, наместо да стои покрај Израел, чии граѓани беа убиени од терористите на Хамас… тој му проповеда на Израел…Подобро е ОН сега да се фокусираат на враќање на заложниците, осуда на Хамас и поддршка на правото на Израел да се брани“,

рече Ердан. 

Израел, се подготвува за копнена офанзива, трупајќи војници, тешка артилерија и тенкови на границата со Појасот Газа. Од саботата израелската војска започна со воздушни напади врз Газа по ненадејниот напад на милитантите на Хамас врз Израел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе