Вести Најважни Свет

Израел нареди евакуација на жителите на Газа – Хамас враќа: седете дома, лажна пропаганда е

Стрaв, паника, збунетост меѓу населението во Газа, откако Израел издаде наредба – сите кои живеат северно од речната долина Вади Аза да се евакуираат во јужниот дел на Газа во следните 24 часа. Станува збор за речиси милион и сто илјади луѓе, кои се не знаат како да избегаат. А оние кои имаат автомобили се со празни резервоари. Копнената офанзива од Израел е се поизвесна.

  • Она што сакам прво да го споделам со вас е хуманитарен чекор што ИД го презема со цел да се минимизираат цивилните жртви, додека се случува оваа војна. И би сакал да ја прочитам, буквално, збор до збор, пораката што ја испраќаме, очигледно на арапски, до локалното население во градот Газа, информирајќи ги за потребата да се евакуираат од местото каде што се, за своја безбедност, соопшти  Потполковник Џонатан Конрикус, Израелски одбранбени сили

За хаосот да стане поголем, од милитантната организација Хамас на населението му порачаа да ја игнорираат израелската наредба, да не мрдаат од своите домови, затоа што станува збор за лажна пропаганда.

Во градот се заглавени и работници на ОН, од каде официјално ја повикаа израелската војска да ја укине наредбата за евакуација, бидејќи е невозможно за еден ден да се исселат повеќе од милион луѓе, а она што следува од оваа трагедија е хуманитарна катастрофа.

Во болниците во Газа има пациенти кои не можат да бидат преместени во овие услови, а многу од докторите и не сакаат да ги напуштат болните. Здравствениот систем и онака кревок, е пред колапс, поради недостигот на струја и гориво.

  • Ако генераторите престанат да работат, болницата ќе стане масовна гробница. Повеќе од 120 пациенти се на вентилатори, 1.000 се на дијализа, а 50 предвремено родени бебиња се во инкубатори. Интензивна нега и генераторите за кислород не можат да работат без струја. Сите овие луѓе се соочуваат со сигурна смрт, изјави директорот на болницата Ал Шифа. 

И Амнести Интернешанал го повика Израел веднаш да ја одблокира Газа, наведувајќи дека казнување на колективното население е еднакво на воено злосторство.

Израел и одговори на светската организација дека барањето на ОН е срамно, и дека со години ги „затвораат очите“ во врска со вооружувањето на Хамас и искористувањето на цивилното население. Во меѓувреме, се подготвува за следната фаза од војната. Со трупање на стотици илјади војници на границата со Газа во секој момент може да почне копнената офанзива, за која има поддршка од Америка, но не и од соседните држави на Блискиот Исток.

Алиса Шутиноска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе