Вести Најважни Свет

Газа остана без струја, Хезболах го нападна Израел, возвратено со бомбардирање на прекуграничните села

Појасот Газа остана без струја, откако единствената електрана во тоа подрачје остана без гориво за работа на генераторите. Војната меѓу Израел и Хамас влезе во петтиот ден. Цели на израелска територија од јужен Либан утрово гаѓаше и проирански Хезболах на што израелската армија одговори со бомбардирање на прекуграничните села.

На удар на израелската авијација се најде и Исламскиот универзитет во Газа, бидејќи изралските сили нагласуваат оти објектот е трансформиран во камп за воена обука и развој на оружје. Војската на Израел претходно порача дека и цивилните згради во Газа ги сметаат за легитимни цели. Таквиот пристап го образложија со тврдење дека во нив се кријат штабови и имот на Хамас.

Ситуацијата за Палестинците станува сè потешка по наредбата на израелските државен врв за мобилизација на 300.000 резервисти и најавената копнена офанзива за што веќе се распоредени 35 баталјони на границата. Израел најави прекин на снабдувањето со струја, вода, гориво и основни производи за Појасот Газа. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека хуманитарната поддршка за палестинскиот народ не е доведена во прашање, но блокот ќе мора да ја преипита финансиската помош за палестинските власти.

Бројот загинати и повредени на двете страни расте од ден во ден, пришто предничи цивилното население. Стотици луѓе се водат како исчезнати или се киднапирани, а меѓународната заедница повика на нивно итно ослободување. Во апелот се вклучи и Папа Франциск.

Во петдневните судири меѓу Израелците и Хамас загинаа 1.200 Израелци и околу 1.000 Палестинци. Меѓу убиените се и девет работници на Обединетите нации кои, според организацијата, настрадаа во израелските воздушни напади. Според Обединетите нации досега се раселени околу 263.000 лица од Газа, најгусто населеното место на планетата.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе