Вести Најважни Свет

Мобилизирани 300.000 резервисти, распоредени 35 баталјони – Израел подготвува голема копнена офанзива врз Газа

Израелската армија ноќеска и претпладнево изврши над 200 воздушни напади врз појасот Газа. На удар беа населбите Римал и Кан Јунис,пришто уништени се цели квартови. Не беше поштеден ниту центарот на Газа сити, каде на удар беа зградата на палестинскикот парламент и цивилните министерства кои Израелците ги сметаат за легитимни цели.

Првата фаза од израелската операција „Железен меч“ која се однесуваше на чистење на теренот од милитанти, евакуација на население и воздушни напади е при крај. Се најавува втора која ќе опфаќа голема копнена офанзива врз појасот Газа за првпат по 2014 година за што, според медиумите, се мобилизирани околу 300.000 резервисти, а 35 баталјони се распоредуваат на границата. Израелските власти апелираа до населението да остане во своите домови со залихи за 72 часа.     

Во меѓувреме се јави и високиот функционер и член на раководството на Хамас во егзил, Али Бараке кој нагласи дека само мал број високи команданти во Газа знаеле за големиот упад во Израел. Тој порача дека палестинските сојузници, како Иран и либански Хезболах ќе се приклучат во борбите, доколку „ако Газа биде подложена на војна за уништување.

Четири дена по изненадувачкиот напад врз Израел, се огласи и иранскиот врховен водач, Ајатолахот Али Хамнеи. Во говорот во Техеран тој негора иранска вмешаност во операциите на борците на Хамас, а за најновите случувања на Блискиот Исток ги обвини израелските власти. Палестинскиот амбасадор во Русија, пак, најави дека во тек се подготовки за посета на палестинскиот претседател Махмуд Абас на Москва, без притоа да каже кога ќе биде реализирана.

Во досегашните борби загинаа над 900 луѓе во Израел и повеќе од 680 луѓе во Газа, информации што се потврдени од двете страни, стотици се водат како исчезнати, додека илјадници се повредени.

Расте и бројот на странски државјани кои загинаа во масовните напади на Хамас врз Израел. Убиени се 18 лица од Тајланд, 11 Американци, 10 Непалци, седум Аргентинци, еден Французин.

Израел во неделата официјално и објави војна на милитантната група Хамас и вети одговор кој ќе се памти во наредните 50 години.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе